Проблемите со акните се поврзани со толку многу нејаснотии и измислени приказни, кои дури доведуваат и дотаму што процесот на лекување може да даде и спротивен ефект. Некои веруваат дека акните се појавуваат како резултат на конзумирање на голема количина слатки, други веруваат дека тоа е поради користење на погрешни козметички препарати или препарати кои не одговараат на типот на кожата. Во продолжение прочитајте за пет погрешни претпоставки (митови) за појавата на акни.

akni naslovna

 

1. За да имате помалку акни, почесто мијте го лицето.

Се подразбира дека треба да го миете лицето и да одрѓжувате секојдневна хигиена, но прекумерната употреба на козметички средства,неколку пати на ден, може да доведе до сува кожа и кожа која се перута, но и да ја ослабне нејзината заштитна способност. Потрудете се што помалку да го допирате лицето со рацете, бидејќи на овој начин инфекциите и маснотиите најлесно можат да допрат до порите на кожата и да предизвикаат најразлични воспаленија.

2. Премногу или премалку сексуална активност доведува до појава на акни

Сексуалните активности никако не влијаат врз појавата на акни. Овој мит се смета дека е резултат на фактот дека хормоналните промени во организмот се случуваат со промена на нивото на хормонот андроген. Затоа акните се честа појава во текот на созревањето, младоста и пубертетот.

3. Употребата на козметички средства може да биде причина за појава на акни

Современите и квалитетни козметички производи не ги затвараат порите на кожата. Напротив, тие и дозволуваат на кожата да дише, ја хидрираат  и не влијаат на функцијата на масните жлезди. Доколку имате проблеми со акни, одберете такви производи со натпис “против комедони”, што значи дека овие производи не влијаат негативно на порите (не ги затвараат), ја спрелчуваат појавата на комедони (црнки, белки) и со самото тоа не влијаат на појавата на акни.

4. Чоколадите, бомбоните и останатите слатки работи влијаат на појавата на акни

На љубителите на слатките задоволства сигурно ќе им олесни кога ќе прочитаат дека и ова е мит- чоколадите и другите производи не можат да предизвикаат акни сами по себе. Се подразбира дека не постои кожна алергија за овие одредени производи. Затоа, ако имате нормална кожа, која не е склона кон појава на алергии, слободно јадете чоколада, без да се воздржувате. Но, ако веќе имате некои иритации на кожата, како на пример акни, најдобро би било да се воздржите од слатки работи.

5. Сонцето е одлично средсво за лечење на акните

Ова тврдење е и неточно и точно истовремено. Се зависи од причините за појава на акните. Доколку причини за тоа се бактериитекои се наоѓаат на кожата, дејството на УВ-зрачењето од сонцето може да помогне, бидејќи сончевите зраци може да уништат голем број бактерии. Но, ако акните се предизвикани од одредени хормонални пореметувања во организмот, сонцето нема многу да ви помогне, дури може и да создаде дополнителни проблеми.

Советот кој најчесто го даваат дерматолозите е покрај придржувањето до здрав начин на исхрана и редовно вежбање,  да практикувате секојдневно миење на лицето со благи козметички препарати и да користите хидратантен крем , кој истовремено пружа и интензивен третман на акните.