Доколку редовно вашите резултати од крвната слика покажуваат зголемено ниво на холестерол и патем слушате какви се здравствени проблеми тоа може да ви предизвика, тогаш знаете и колку е значајно да го решите овој проблем што поскоро. Притоа, не мислиме на употреба на лекови, бидејќи најидеално би било да ја прочистите крвта по природен пат.

Помошта се крие во овој народен лек, кој е навистина лесен за подготовка, а кој ефикасно отстранува маснотии во крвта, истовремено јакнејќи ги крвните садови, потоа ги чисти цревата од паразити и го јакне имунолошкиот систем. Неговата лековита основа ја сочинуваат лимонот и магдоносот. Еве го целосниот рецепт.

Состојки:

1 кг. лимони
5 китки магдонос
3 л. вода
1 ќесичка сода бикарбона
Подготовка:

Измијте ги лимоните со студена вода, а потоа потопете ги во топла вода во која претходно сте ја ставиле содата бикарбона. Оставете ги да отстојат во водата околу еден час. Магдоносот исечкајте го на ситно заедно со стебленцата (или сомелете го во блендер), а потоа истото направете го и со лимоните (заедно со кората).

Ставете ги магдоносот и лимоните во подлабоко тенџере и налијте три литри вода. Варете ги на намалена температура два до три часа. Кога состојките добро ќе се сварат, процедете ја водата, а она што ќе остане, околу 1,5 литри сируп, ставете го во чисто стаклено шише.

Консумирање:

Секое утро пијте од овој сируп по една чашка од ракија на празен желудник. Тоа правете го две недели без пауза. Направете пауза од една недела, па повторете ја постапката ако е потребно. Резултатите нема да изостанат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина