Кога станува збор за секојдневниот живот, според една статистика, еден од тројца возрасни луѓе не јаде доволно здрава храна во текот на денот, па затоа и пропуштаат да ги внесат најважните хранливи материи. Тие обично конзумираат брза храна, која е полна со сол, шеќери, заситени масти, и други нездрави состојки.

Сите добро знаеме колку понекогаш може да биде тешко да се консумираат здрави намирници, особено во текот на денот, доколку сте на работа , училиште, или пак воопшто сте излезени.

Земете ги протеините, на пример. Протеините се од суштинско значење за развој и обновување на нашето мускулното ткиво , како и многу други телесни функции од витално значење. И покрај тоа, сепак, многу луѓе едноставно не внесуваат доволно протеини во нивната секојдневна исхрана , и повторно, нивното здравје страда поради тоа.

Кога ќе помислите на високопротеински намирници, на што прво помислувате ? Многу од вас сигурно сега ќе помислат на немрсни пилешки гради, црвено месо, како и стек , јајца и морски плодови и риба. Додека овие намирници често се вкусни, претставуваат одлични извори на протеини и се добри за нас , тие сепак не се најпогодниот избор за храна.. На пример доколку сте на работа и имате одредено време во кое може да јадете, секако не можете да го подготвите пилешкото на скара и потоа да уживате во него. Наместо тоа, потребна ви е здрава, високопротеинска ужинка. Во овој текст, ќе ви претставиме само пет од најпознатите вкусни и корисни високопротеински ужинки што воопшто можете ги посакате.

Урда и разни овошја– Урдата можеби не изгледа привлечно, но нејзиниот вкус е прилично убав, богата е со протеини, а кога се комбинира со овошје, се добива една прилично избалансирана и квалитетна ужинка, која ќе му даде работа на вашиот метаболизам и мускулите и по неколку часови. Во половина чаша природна урда се содржат околу 100 калории и неверојатни 16 грама протеини! За да се добие малку поразличен вкус, како и и неколку калории и витамини плус, зошто да не ја измешате со некое ситно овошје како што е на пример ситно исечкан ананас. Вкусно, зар не?

Туна сендвич – Кога станува збор за ужинка или закуска, сендвичот е прва асоцијација. Сендвичите може да бидат подготвени однапред и да се чуваат во фрижидер преку ноќ, овозможувајќи ви ноќта претходно да го подготвите вашиот појадок, или само ужинка, па да одите подготвени на работа или училиште наредниот ден. Без разлика дали сте на работа, или едноставно сте само надвор, сендвичите се најпогодна храна. За да уживате во една здрава, високопротеинска ужинка, зошто да не подготвите сендвич со туна салата? Користете интегрален леб за ужинката да биде уште поздрава. Ако ви се потребни малку повеќе зачини, тогаш пробајте да подготвите нискокалоричен дресинг. Туната е една од најбогатите извори на протеини во целиот свет.

Парче говедско месо – Луѓето често мислат дека нарезокот од говедско месо е брза храна, бидејќи често се продава во оддели блиску до брзата храна, како на пример до компирчињата. Всушнос, тоа е одлична закуска полна со природни протеини. Нарезокот говедско месо е подготвен од сушено говедско месо, често без дополнителни адитиви.

Јогурт со бадеми и бобинки – Ако не сте големи љубители на месо, не грижете се, бидејќи постојат и здрави, вегетаријански извори на протеини, а ви се на располагање. Земете го за пример природниот јогурт. Јогуртот се смета за исклучително здрав, особено ако се одлучите за оној со помалку маснотии. Едноставно, земете јогурт, додадете мешани ореви или бадеми на пример, и на оваа смеса додадете и неколку мешани бобинки (боровинки, капини, малини итн). Ова е една совршено здрава, балансирана, високопротеинска ужинка. Оваа закуска е погодна особено наутро, кога голем број луѓе можеби и немаат време да си подготват обилен појадок. За да запштедите на калории, едноставно може и да ги прескокнете мешаните бобинки.

Свежо сирење и парче ролат од мисиркино месо – Ако употребувате свежо мисиркино месо, купено од месарница, што не е обработено и нема други додатоци, оваа ужинка ќе биде уште поздрава. Едноставно земете немасно сирење, швајцарско на пример, а потоа едноставно свиткајте го во мини ролат од мисиркино месо, додека не се формира една цврста цилиндрична форма. Чувајте го во соодветен сад, а потоа откако ќе се зацврсне, едноставно изедете го. Мисиркиното месо е природно сиромашно со масти, а богато со протеини, и ако се користи сирење со ниска масленост, кое е исто така богато со протеини, ова ќе биде еден од најпогодните и највкусни високопротеински закуски.