Состојки:

 

  • ½ средна по големина брокула
  • ½ или едно цело авокадо
  • 4 полни лажици печени и мелени индиски ореви
  • 3 лажици сок од лимон
  • хималајска сол по вкус
  • 4 листа свеж босилок (или прстофат сушен)
  • малку бадемово млеко (да се разреди ако е густо пестото)

 

 

Подготовка:

 

Брокулата добро се мие и се вари на пареа 7 минути. Потоа се става во блендер и по ред се додаваат преостанатите состојки. Се се блендира во хомогена смеса. Сварените тестенини се декорираат со ова песто и се декорираат со индиски ореви или свеж босилок.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина