Против болки во грлото и зарипнатост, лек се печените јаболки. Тегобите можат да се отстранат со три печени јаболки, кои треба да се изедат една по друга – тврди виенскиот стручњак за исхрана, професорот Хадемар Банкхофер.

 

Притоа, според професорот, важно е јаболките да не бидат врели, туку умерено топли. Во спротивно, може да се надразни слузокожата на грлото, напоменува тој.

 

Исчистите неколку јаболки од семките и направете фил од мелени ореви или лешници помешани со мед и суво грозје. Хадемар тврди дека ова во исто време е и одлично средство во борбата против стресот. Пожелно е јаболките на крај да се премачкаат и со ливадски или липов мед, кој е исто така ефикасен кај наведениве тегоби.

 

Зошто се прави сето ова?

 

При печење, во јаболките доаѓа до создавање на посебни соединенија од ензимите и биоактивните материи. Овие соединенија во слузокожата на устата, грлото и гласнинте жици ја активираат способноста на организмот за самолекување, тврди професорот Хадемар.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина