Истражувањата покажале дека постојат ситуации кога е прифатливо, па дури и здраво, да се користат пцовки во однос на задржувањето на генвот во себе. Истражувањето, кое во 2009 година го спровел Универзитетот Кили, во Велика Британија, открило дека пцуењето ја зголемува толеранцијата на болка. Во експериментот, 64 студенти требале што подолго да ја држат едната рака во канта со мраз. Кога студентите повторувале една одбрана пцовка, успевале раката да ја задржат во кантата 140 секунди, а кога не го правеле тоа, издржувале само 70 секунди.

 

Се додека вашите зборови не се насочени кон некого, пцуењето може да биде катарзично искуство – вели психологот Џон М. Грохол – бидејќи, користењето пцовки може да не ослободи од чувствата на лутина или фрустрации.

 

Исто така, пцуењето дава чувство како да ги имате нештата под контрола, дури и кога не е така. Соред зборовите на психијатарот Нил Бартон, ,,може да ја зголеми самодовербата и да даде поттик за понатамошните мерки што треба да се преземат.

 

Ако еден човек е нервозен, на пример, чека 20 минути за да мусе јави техничката поддршка на неговиот телеоператор, треба да се обиде да пцуе, затоа што тогаш има чувство дека ја контролира ситуацијата. А, бидејќи многу системи се програмирани за да детектираат вулгарност, можеби побрзо ќе се спои со слободниот оператор, советуваат стручњаците.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина