Во својата книга “Простата”, познатиот руски народен доктор Генадиј Петрович Малахов има дадено безброј корисни рецепти кои можат да помогнат во лекувањето на акутен и хроничен простатитис. Но, најинтересен е оној дел кој се однесува на употребата на пчелните производи односно на самите пчели.

Животниот век на пчелите е краток – околу 35 дена, а во телото на секоја мртва пчела се наоѓа ,,кесичка,, со отров. Хитинската мембрана кај овие инсекти содржи хепарин и хепароиди (антикоагуланси – ја разредуваат крвта и спречуваат создавање тромбови). Овие лековити материи ги неутрализираат воспалителните процеси, го стабилизираат крвниот притисок и ја подобруваат состојбата на крвните садови.

Екстрактот од телото на угинатите пчели ги убиваат стрептококите (причинителите за појавата на ревматизам), како и безбојната спирохета (причинител за појавата на сифилисот).

Угинати пчели има преку целата година. Во лето може да се видат на даската околу кошницата. За лекување се користат само телата кои на себе имаат мов и оние што не мирисаат. Телата на угинатите пчели многу брзо се распаѓаат и ако не се употребат на време, можно е да се затруете од нив. Инаку, тие можат да се зачуваат така што се сушат во рерна на температура од 45 до 50 степени. Освен тоа, можат да се чуваат во фрижидер, а се користат за подготовка на екстрактот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина