Кога зборуваме за Паринама јогата, треба да земеме во предвид дека таа настанала како самопомош на нејзиниот зачетник, личност која се занимавала професионално со боречки вештини. Бруно Балеоти, поранешен капитен на италијанската карате екипа развил метод прилагоден за своето тело, кое било подложено на чести повреди. Преку сопствено истражување, но и инспириран од Лиангеровите книги за јога и со користење помагала создал метод кој спонтно се распространил и собрал голем број следбеници околу овој денес веќе седумдесет и петгодишен самоук учител.

 

Кај Паринама Хата јогата акцентот е на анатомијата, на внимателно влегување и излегување од одредена положба, но секогаш со индивидуален пристап. Луѓето се различни исто како и нивните тела и можности, па стоењето во одредена положба за секого е посебно искуство. Тоа и е една од причините поради која во Паринама јогата како и кај Лиенгеровата јога се користат помагала. Некому му е потребна поддршка, некому само совет или нежен допир.

 

Со работење во пар поединецот се ослободува од стравот

 

 

 

Нема никаква смисла, а е и опасно по здравјето да се влегува во ротација или да се изведува виткање наназад, ако рбетот е стиснат и здрвен. Прво треба да се направи место, простор меѓу рбетните прстени, за тие да се декомпримираат. Поради тоа во Паринама се користи јаже, се виси од плафон главеечки и кај повеќето положби се користат и помагала за да може да се држи цврсто карлицата, а во исто време да се добива се повеќе просор однос флексибилност на рбетот. Штом еднаш ќе се добие тој ,,простор,,, сите можности стануваат достапни. Тогаш можеме да почнеме да го виткаме рбетот наназад, иако за секој случај е правиме само дрвено мовче, а потоа и столче, со цел сигурно да навлегуваме во положбата и правилно да ги отвораме рамењата. Можеме да правиме ротации на под, иако е подобро покрај ѕид да се прават или на стол, со цел да одбегнеме непотребни компензирања. Кога ќе направиме довлно простор во рбетот, можеме слободно да работиме и на силата, без страв од повреди.

 

Откако ќе биде совладана анатомијата на основните положби, повеќе внимание се посветува на дишењето и на поврзување на свесното дишење со движењата, што ја прави основната разлика помеѓу јогата и сите други видови вежби.

 

Тука се и вежбањата во парови, каде се наслушнува дишењето и поврзувајќи се со движењето на партнерот се гради меѓусебна доверба. Вежбањето во пар е исклучително важно за освестување на сопственото тело и нашиот однос кон него, но и на нашиот однос кон другиот. Ни го јакне сензибилитетот и емпатијата, и јасно укажува на евентуални блокади или непријатности.

 

Паринама значи промена, трансформација. Ако земем во предви дека секој ден се менуваме, дека телото секој ден ни старее, добро е да се знае дека можеме свесно да одбереме да работиме на себе и на таа промена на позитивен начин.

 

Освестување, препознавање и почитување на границите на сопственото тело, да му се даде доволно време за тие да ги надмине, да знае кога да застане, а кога да продолжи во одредена положба – ова се основните карактеристики на Пранама јогата.

 

Инструктор секогаш има кој го насочува вежбачот во Паранама јогата, но сепак тој е оној кој во себе ја пронаоѓа енергијата за надминување на границите – знаејќи дека во повеќето случаи границите се само стапици коишто ни ги поставува нашиот ум.

 

Физичките промени и добрата здравствена состојба на целиот организам се важен резултат од редовното вежбање, додека менталните процеси и силата на вољата со кои сме дошле до тие резултати придонесуваат за многу позитивни промени и пријатни изненадувања и на другите области во животот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина