Ореовото масло е ефикасен природен терапевтски напиток за бројни благопријатни здравствени ефекти врз организмот. Тоа го знаеле уште и старите Грци, според чиј врховен бог и го добило името. Зголемувањето на способностите на когнитивните функции логично се претпоставува веќе според самиот изглед на плодот, а тоа го потврдуваат и резултатите добиени од безброј клинички студии. Имено, ореовото масло предизвикува зголемена мозочна циркулација и микроциркулација, која е клучна за постигнување на оптимални активности, работа и функција на мозокот и нервниот систем, а со самото тоа ја подобрува способноста за помнење, учење, здобивање нови вештини, се зголемува концентрацијата и се ублажува стресната психичка состојба.

Ореовото масло е едно од најдобрите извори на антиоксиданси кои се важни за спречување на настанок на оштетувања на ткивата од слободните радикали на физиолошко ниво на секоја клетка. Имено, нивната изразена антиоксидациска активност може значително да го забави процесот на стареење и да спречи во организмот појава на дегенеративни малигни промени и болести. Тоа, исто така, делува ефикасно на организмот локално и системско, бидејќи применето орално и на кожата спречува разни процеси на пропаѓање на ткивото и органите и го поттикнува нивното обновување.

Елагичната киселина, соединение кое е природно присутно во ореовото масло, има изразит противстаросен ефект (anti age effect), но поседува и голем број антисептични својства, затоа што во организмот го поттикнува исчезнувањето на вирусните, бактериски и габични инфекции. Ореовото масло е и природен извор на јод, па на тој начин влијае правилното функционирање на штитната жлезда, го поттикнува метаболизмот на нејзините хормони. Хормоните на штитната жлезда делуваат како активатори на метаболизмот, односно нивното оптимално ниво во телото регулира бројни физиолошки здравствени и естетски ефекти: на пример, предизвикува зголемување на енергетското искористување на шеќерот и маснотиите во крвта, со што го намалува нивното зголемено ниво и со тоа и компликациите кои настануваат поради тоа кај дијабетичарите. Исто така, тоа го поттикнува и согорувањето на масните залихи и ја намалува количината на масно ткиво кај оние кои имаат прекумерна телесна тежина. Јодот е природен антисептик и тој помага во борбата кај сеприсутната кандида.

Ореовото масло содржи и биолошки активен облик на хормонот мелатонин, кој природно го регулира нормалниот ритам на спиење и го зголемува квалитетот на сонот. Тоа се користи за ублажување на кожни тегоби како псоријаза, невродерматитис и егзема, бидејќи го намалува воспалението на кожата, алергиската реакција и осипот, а ја смирува и сензацијата на неподносливото чешање на кожата. Есенцијалните масни киселини (омега-3) од ореовото масло значително го намалуваат зголеменото ниво на триглицеридите и холестеролот, го урамнотежуваат липидниот профил во крвта и го намалуваат ризикот од настанок на болести на крвниот систем. Спречуваат и артериосклероза, настанок на згрутчувања и ризик од срцев инфаркт. Тие ефикасно ги забавуваат хроничните воспалителни реакции во организмот, кои се клучни за настанок на разни дегенеративни состојби на ниво на клетки, ткива, органи и на целокупниот организам. Делуваат и кај бројни воспалителни состојби како гастритис, колитис, артритис, интолеранција, автоимуни синдроми, алергиски реакции и други. Научните студии покажуваат дека ореовото масло дури и го забавува растот и развојот на туморските ткива, што не е чудно со оглед на тоа што есенцијалните масни киселини делуваат како промотори на апотозата на клеточниот циклус и на тој начин го поттикнуваат изумирањето на разни малигни туморски ткива.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина