Кондомите се средства за контрацепција и не е потребно многу да се претставуваат. Многу се ефикасни во заштитата од несакана бременост и исто така штитат и од полово преносливи болести. Научниците и понатаму ги усовршуваа кондомите и пред некое време ги претставија ,,паметните кондоми,,, кои имаат револуционерни функции. Ова е голем чекор во историјата на сексуалната технологија.

Интелигентните кондоми, дизајнирани од страна на една британска компанија, го пресметуваат бројот на согорени калории за време на сексуалниот однос, можат да ги откријат сексуално преносливите болести и го истражува обемот на пенисот во секоја сексуална поза. Сите овие функциии се сместени во прстенот, кој се наоѓа на дното од кондомот, кој го брои бројот на потези на партнерот, а потоа ги пресметува согорените калории за време на сексуалниот однос. Кондомите исто така го мерат обимот на пенисот во секоја поза, така што по односот мажите може да дознаат во која поза нивниот пенис има најголем обем.

Паметните кондоми се максимално удобни, отпорни на вода и супер лесни. Не се ни чувствуваат, а даваат максилано задоволство. Нано чипот сместен во прстенот на кондомот има сензори, коишто ја мерат температурата на кожата. Британската компанија која ги произведува тврди дека тие можат да откријат заеднички болести на гениталиите, како на пр. кламидијата.

Тие ќе го предупредат корисникот за секоја болест и ќе го измерат секој аспект на перформанс во спалната соба.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина