Состојки:

 

  • 4 шолји исецкана и сварена блитва
  • 400 гр. сварен наут
  • 3 големи чешниња ситно сецкан лук
  • 1,5 лажици таан
  • сок од  лимон
  • 1/4 лажички кумин
  • 3-4 лажици овесно брашно
  • 4 лажици маслиново масло
  • сол и црн пипер

 

 

Подготовка:

 

Блитвата, наутот, лукот, таанот, лимоновиот сок, кумонот и прстофат сол ставете ги во блендер и измиксајте ги заедно. Мешавината истурете ја во длабок сад и додадете една лажица овесно брашно и мешајте, а потоа уште една лажица додадете од брашното, се додека не добиете густа мешавина за да можете да обликувате од неа (3-4 лажици брашно ќе бидат доволни).

 

По потреба, додадете уште сол, црн пипер, сок од лимон и таан. Од добиената смеса обликувајте ги фалафелите односно сплескани топчиња. За тоа време загрејте масло во една тава на средна тепмература и во него пржете ги фалафелите. Вртете ги на 3-4 минути на другата страна.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина