Читањето од дланка е и корисно и забавно, но треба да се запомни дека хиромантијата нема да ви ја открие целата судбина туку само некои знаци, бидејќи може да се влијае врз многу предиспозиции, а тие се менуваат како што старееме

Ниту една линија не е совршена

Понекогаш на дланката се појавува сплет од главните линии кои упатуваат на некој непосакуван настан, но ако навреме се предупреди на опасноста, со правилна одлука и не мора да се случи како што е ,,опишано,,. По правило се чита од десната дланка. Постојат четири основни линии, линијата на срцето, на главата, животот и на судбината. Доколку сакате да го одредите приближното врее кога ќе се случи нешто, линиите поделете ги на отприлика седум декади, во кој на некој настан ќе упатува одреден знак (круг, алка, дамка). Не се работи за прецизно погодување, тука за проценка. Ниедна линија не е совршена. Најчесто се делат. Ако се дели на крајот, се подзасилува силата на таа линија. Малите коси црти кои одат кон горе се безопасни, за разлика од оние кои одат надолу. Тие ја одземаат силата на линиите. Испрекинати линии значат слабост, животна нескладност или крај на еден начин на живот.

 

palec-i-pokazalec
Вертикални линии за снаодливост

Иако судбината најјасно се гледа од главните линии, за љубовен живот е особено важен венериниот брег, кој е сместен во подножјето на палецот. Тој се смета за најголем знак за сексуалност, љубомора и емотивни врски. Доколку е испапчен и нагласен тогаш таа личност е склона на уживања, убава е, витална и крајно чувствителна. А како знаеме дали ни е Венериниот брег нагласен? Соредете го со Месечевиот брег, кој се наоѓа на спротивната страна од дланката. Ако Венериниот брег има решеткаста структура, со ситни врежани линии кои го пресекуваат целиот брег, тогаш сигурно спаѓате во оние мажи и жени кои минале или ќе поминат низ нечиј љубовен живот, низ кратки бурни врски, но и кои се склони кон караници поради избувливиот карактер. Истакнатите линии означуваат упорност и агресивност, а вертикалните снаодливост во емотивниот живот, но и повремени страдања. Многу долгите и паралелни линии се знак за силни љубовни чувства, а кратките и слаби линии се знак за помалку чувствителност. И прстите и дланката многу откриваат за љубовниот живот. Страсните луѓе имаат подебели раце и прсти, додека долгите прсти укажуваат на сексуална незаинтересираност.

Многу е битно и растојанието помеѓу палецот и показалецот. Кога ќе ја отворите дланката, а прстите ќе ги соберете, обратете внимание под кој агол се прстите. Ако е нивниот однос под прав агол од 90 степени, сексуалната активност е добра и успешно го задоволувате партнерот или партнерката, но ако е тој распон помал, можни се потешкоии како што се сексуални дисфункции или намалено либидо. Освен Венериниот брег, важно е да се проучи и линијата на срцето, Венериниот брег и брачната линија, кои ја откриваат целосната слика за љубовната судбина. Ако е линијата на срцето долга и неиспрекината (таа е првата дебела линија под прстите), ќе имате среќен брак, а доколку се разгранува кон линијата на животот, тогаш емотивниот аспект може да преовладува и значително да влијае врз животот.

Линијата на бракот се наоѓа под малиот прст и е многу кратка. Една линија значи еден брак, а ако се дели значи дека повеќепати ќе се жените односно мажите. Исто така покажува и колку деца ќе имате.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина