Отровот на црниот сиднејски пајак, еден од најсмртоносните пајаци во светот би можел да се користи во лекување на на нарушувања на нервниот систем, кои вклучуваат болка, епилепсија и мозочен удар, наведуваат австралијанските научници.

 

При своето истражување, научниците од Институтот за молекуларна бионаука од Универзитетот во Квинсленд, Австралија, откриле дека отровот на овој пајак, поради тоа што посебно го погодува нервниот систем, за да ја парализира својата жртва, е поефикасен од лековите што ги произведува човекот за лекување на нарушувањата на нервниот систем.

 

Институтот во Квинсленд, водечки во светот во истражувањето лекови на база на отрови, во својата збирка има повеќе од 600 видови отрови.

 

– Отровот на овој пајак содржи повеќе од 10 милиони различни биоактивни пептиди – вели водечкиот научник, професор Глен Кинг.

 

Биактивните пептиди се протеини кои можат да имаат позитивен ефект врз телесните функции.

 

– Многу е ветувачко откритието дека овој отров може да биде поефикасен во лекувањето на епилепсија и набрзо ќе започне фазата на клиничко испитување – најавил Кинг.

 

Во изјавата дадена за “The Sydney Morning Herald”, Кинг изразил надеж дека по клиничките испитувања ќе биде можно кај луѓето кои имале мозочен удар да се спречи оштетувањето на мозокот со припишување на отровот од сиднејскиот црн пајак (лат. Atrax robustus).

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина