Не секое овошје е исто. Додека некое содржи високо ниво на природен шеќер, постојат и такви кои, доколку се консумираат во одредени количини, го поттикнува слабеењето.

Така, папајата го содржи ензимот папаин, кој го забрзува варењето и го олеснува губењето на килограмите. Авокадото, пак, е богато со здрави масти, кои го поттикнуваат метаболизмот и производството на тестостерон. Овој хормон е заслужен за губење на килограмите како кај мажите, така и кај жените.

Секојпат кога ќе почувствувате потреба за претпладневна ужина, бирајте овошје кое е богато со влакна. Крушките и јаболката содржат високо ниво на влакна и доколку изедете само едно од овие вкусни овошја, тоа ќе ви помогне за да ја задоволите гладтта.

Високото ниво, пак, на антиоксиданси во боровинките може да ви помогне да се ослободите од токсините кои ги таложат килограмите. Бананите се полни со растворливи влакна кои создаваат чувство на ситост. Уживајте во бананите за време на појадокот и ќе го намалите обемот на половината и ќе го зајакнете имунитетот.

Ако јадете кокос, брзо ќе станете сити и нема да чувствувате потреба за храна. Лимонот е одличен за детоксикација на црниот дроб. Пијте лимонада секое утро пред појадок за да го регулирате нивото на маснотии кои влегуваат во вашиот организам.

Грејпфрутот е одличен против чувство на глад и има многу малку калории. Ако сте на диета, обавезно вклучете го ова овошје во своето мени. Богатството од витамин Ц и многу други ензими брзо ги топат килограмите. Долго време ќе бидете сити, бидејќи грејпфрутот има хранливи состојки кои помагаат за подолго чувство на ситост.

Ако јадете портокали, ќе го намалите бројот на калории кои сте ги внесле во текот на денот, ќе го разбудите телото и ќе го одржите хидрирано. Тие ги топат масните наслаги околу стомакот и на колковите, така што ќе ви бидат одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.

ovosje2

 

Праските се идеално овошје за нискокалорична диета. Тие се извор на антиоксиданси и помагаат во отстранување на токсините од телото.

Калинката е совршено овошје доколку сакате целосно да го исчистите организмот од токсините, а исто така и го намалуваат апетитот.

Исто така, многу е важно дека и сувото овошје, кое се комбинира со свежо, е ефикасно во согорувањето на мастите и да се намали холестеролот.

Јаткастите плодови (или коскесто овошје), како што се бадемите, кикиритките, пистациите, лешникот и индискиот орев, исто така се богати со незаситени масни киселини, витамини и протеини, меѓутоа, научниците истакнуваат дека луѓето не го консумираат ова овошје во доволни количини. Претходните исражувања имаат покажано дека консумирањето на ореви може значајно да ги намали знаците на стареење, а истовремено штити од срцеви заболувања и од некои видови на рак. Многу брзо откако било откриено дека седум ореви дневно се доволно за да го спречи развојот на срцеви заболувања. Оревите се прогласени и за супер храна. Доколку зборуваме за здрави намирници за срцето, тогаш тие се наоѓаат на листата на три најздрави намирници кои би требале да ги внесуваме. Не само што се богати со антиоксиданси, туку исто така содржат здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Од тука не изненадува фактот дека нивното редовно консумирање може да ги намали шансите за развој на дијабетес тип 2.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина