borovinki_naslovna

Велат дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања, и тоа не може да биде поголема вистина кога станува збор за боровинките. Овие мали плодови можат да го поттикнат вашиот мозок, да ја омекнат кожата, па дури и да спречат појава на рак. Требаат ли уште причини за да ги додадете во вашата исхрана?

1. Здрав имунолошки систем– Боровинките имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје или зеленчук, покажуваат досегашните истражувања. Антиоксидансите го зајакнуваат имунолошкиот систем, неутрализирајќи ги слободните радикали. Повеќето нејзини ефективни својства доаѓаат од пигментот кој е одговорен за сината боја.

2. Го стимулира мозокот-Јадете боровинки и мозокот ќе ви работи побрзо и подобро. Едно истражување сугерира дека боровинките го забавуваат губењето на меморијата.

3. Кожата ќе заблеска ако направите маска од мешавина од: 2 лажички пире од боровинки, 2 шолји кафеав шеќер и 3 лажички сок од лимон. Боровинките ќе ја омекнат кожата, лимонот ќе ја осветли, а шеќерот ќе ја исчисти од мртви клетки.

4. Одличен вид- Со консумирање на две порции боровинки дневно ќе го намалите ризикот од макуларна дегенерација која доаѓа со годините и која е најчест причинител на губење на видот кај постарите личности.

5. Здраво срце – Ако секој викенд консумирате пет или повеќе порции боровинки, жените ќе го намалат ризикот од срцев удар. Содржи високо ниво на соединенија кои му помагаат на здравјето на артерииите и кардиоваскуларниот систем воопшто.

6. Го намалува нивото на шеќер во крвта – Боровинките имаат низок глихемиски индекс, па затоа имаат благотворно влијание врз регулирање на шеќерот во крвта кај личностите со дијабетес. Конзумирањето на пет порции на ден во период од два месеци ќе покаже значаен напредок во регулирањето на шеќерот.

borovinki

7. Превенција од рак – Антоцијанините кои и даваат на боровинката карактеристична боја, го напаѓаат ракот кој предизвикува слободни радикали и се борат против растот на малигни клетки. Треба да се консумира само половина шолја боровинки на ден.

8. Здравјето на мочниот меур – Боровинките, како и брусницата содржат соединенија кои го чуваат мочниот меур од таложење на бактерии и помагаат при инфекции на уринарниот тракт.

9. Ги топат мастите околу стомакот – Полифенолите кои се наоѓаат во боровинките ги разградуваат маснотиите на стомакот и го намалуваат ризикот од метаболичкиот синдром.

10. Помагаат при тврда столица – Шолја полна со сирови боровинки содржи околу четири грама влакна. Растворливите влакна кои ги има во боровинките можат да апсорбираат 11-16 пати од сопствената тежина во вода и така ја забрзуваат работата на цревата.

11. Здравјето на коските – Боровинките содржатголема количина на манган, кој игра голема улога во развој на коските и скелетниот систем.