ovesni-snegulki_1

Веројатно во супермаркетите сте ги забележале долгите полици полни со различни снегулки и други житарки кои носат исто име во продавниците, и тоа обично ќе ги најдете под името здрава храна. Тука ќе мора малку да ве разочараме и д ви кажеме дека сè она што го гледате не би спаѓало баш под таа категорија. Важно е да знаете како да направите разлика помеѓу здравите житарки во кои спаѓаат и овесните снегулки од сите други, кои обично содржат и голем број на други не-толку-корисни материи за организмот.

Овесните снегулки се природни и речиси непреработени, а се состојат од овес, целозрнеста житарка. Овесот е богат со растителни влакна, кои го забавуваат варењето на јаглехидратите, со што се намалува и нивото на шеќер во крвта, што на крај предизвикува чувство на ситост после овесниот оброк. Освен влакната, овесните снегулки се исто така и одличен извор на сложени јаглехидрати, а најдобро од се е тоа што во 100 g овесни снегулки се содржат само 347 kcal.

Во овесните снегулки, исто така, се содржат и протеини и бета-глукан, како и висококвалитетни влакна кои се растворливи во вода и го намалуваат холестеролот и ја блокираат апсорпцијата на масти во цревата. Кога станува збор за холестеролот, овесните снегулки токму поради својата влакнеста структура дејствуваат како сунѓер кој го впива холестеролот и го отстранува од организмот. За сите оние кои сакаат да го елиминираат вишокот на масни ткива, исхраната со овесни снегулки е вистинскиот избор.

Освен богатите хранливи вредности, овесните снегулки се извор на здравјето. Според податоците од Американското здружение за рак, овесните снегулки ја намалуваат количината на токсини во организмот, како и фитохемикалиите со што го намалуваат ризикот од појава на рак, помагаат во борбата против жолчните киселини, поволно дејствуваат за намалувањето на високиот крвен притисок, а претставуваат и верни сојузници во борбата со различни кожни заболувања како што се атопичен дерматитис, псоријаза или пак сува кожа. Овесот со својата слуз ја омекнува и штити кожата и нежно дејствува против воспаленија.

Кога размислувате за овесни снегулки, веројатно на ум ви паѓа само појадокот како оброк. Со нашите рецепти ќе ви покажеме дека овесот не мора да го употребувате само наутро , туку можете на многубројни начини да го искористите и за подготовка на останатите оброци.

 

Јогурт од овесни снегулки

Измиксајте ги во блендер овесните снегулки. Додадете исечени кајсии, па добро измиксајте ја уште еднаш целата смеса и оставете ја да отстои. Потоа се подгответе еден течен јогурт во кој ќе помешате и малку ванилин шеќер и една лажица јаворов сируп. Двете смеси истурете ги во сад за послужување, а потоа додадете свежо овошје по желба.

Овесни колачиња со бадем,банана и цимет

lkolacinja-so-badem,-cimet,-banana

За овие вкусни колачиња ќе ви биде потребно:

  • 1 јајце
  • 3 dl овес
  • 3 dl интегрално брашно
  • 1 dl кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • Половина прашок за пециво
  • 80 g ситно сечкани бадеми
  • 2 помали банани
  • 150 g путер
  • 1-1,5 лажички цимет

Начин на подготовка:

Испасирајте ги бананите со вилушка, исечете го путерот на коцки и исечкајте ги бадемите. Другите состојки само спојте ги со претходните, па потоа со раце добро промешајте ја целата смеса. Се препорачува и со помош на рацете да ги обликувате и самите колачиња , како да правите топчиња. Смесата ќе ви биде малку помека ( воглавно поради бананите во нејзиниот состав), па додека ја ставате на хартија за печење во тавата, можете да се послужите и со лажица за да добиете поправилен облик. Колачињата печете ги од 10 до 12 минути на 180° C.

ПРОДОЛЖИ КОН ВТОРИОТ ДЕЛ

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.