Овесни снегулки- врвен појадок

jogurt_ovesni-snegulki

За оваа кралски појадок потребни ви се следниве состојки:

  • 250 ml млеко
  • 2 лажици мед
  • 5 лажици овесни снегулки
  • малку малини
  • 1 банана.

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото, постојано мешајќи го. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и додадете 2 лажици мед. Кога медот ќе се раствори, додадете 5 лажици овесни снегулки. Откако малку ќе омекнат, по околу 2 минути, додадете малини и бананата која што претходно сте ја испасирале со вилушка. Гответе уште една минута-две, оставете малку да се излади и сервирајте

Овесни снегулки со овошје

Во еден сад, ставете ги следниве состојки:

  • 1 чаша овесни снегулки
  • 0,5 чаша сок од јаболко
  • 2 лажици суво грозје
  • малку цимет
  • 1,5 чаша топла вода
  • ½ чаша сецкана банана, боровинки, јагоди или некое друго овошје

Начин на подготовка:

Во еден сад, ставете ги овесните снегулки, сокот од јаболко (доколку имате соковник, тоа нека биде свежо исцеден сок), суво грозје и цимет. Додадете ја топлата вода и промешајте. По пет минути, ова јадење е подготвено за консумација.

Кекси колачиња со овесни снегулки, брусници и ореви

keksi-so-ovesni-snegulki

За 20 – 24 големи кекси потребно е:

  • 110 g сецкани ореви
  • 170 g путер на собна температура (може да биде половина путер, половина маргарин)
  • 210 g кафеав шеќер
  • 1 големо јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 105 g брашно
  • 1/2 лажичка сода
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка цимет
  • 260 g овесни снегулки
  • 1 чаша од 250 ml – сушена брусница или сушени цреши или суво грозје

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете една голема тава за печење со хартија за печење. Оревите ситно исецкајте ги и оставете малку да се прокрчкаат во рерната од 8-10 минути, само колку за да добијат убав мирис.

Путерот и кафеавиот шеќер помешајте ги со миксер 2 – 3 минути, а потоа додадете го јајцето и екстрактот од ванила и мешајте се додека смесата не се соедини. Во друг сад, помешајте го брашното, солта, содата и циметот и сето ова измешајте го со првата смеса. Рачно измешајте ги и сецканите ореви, брусниците и овесните снегулки.

За големи кекси користете ја американската мерка- 1/4 чаша или лажица за сладолед.

Мерката пополнете ја со смесата за кекс и малку притиснете ја со рака или лажица и ставете ја на подготвениот сад за печење, притоа внимавајќи да оставите доволно простор (околу 5 см проред), бидејќи кексите ќе се рашират.

Кексите малку притиснете ги со рака за да добиете дебелина од 1,25 см.

Печете 12-15 минути или додека кексите не добијат кафеава боја одоздола, а во средината сеуште ќе бидат меки. Изладете ги кратко пред да ги ставите на жица за да се оладат целосно.

Се надеваме дека со овие рецепти ви помогнавме и ви дадовме идеи за тоа како овесните снегулки да станат дел од вашата секојдневна исхрана. Доколку и сами смислите некој вкусен оброк од овесни снегулки, споделете го со нас. Едвај чекаме да го пробаме!