Ова сигурно не сте го знаеле за кафето
Ако не можете да го замислите своето утро без голема шолја од овој ароматичен пијалок, тогаш сигурно себеси се мсетате за голем обожавател на кафе. Меѓутоа, постојат некои интересни факти за овој напиток кои сигурно не сте ги знаеле.
Оној преубав мирис на кафе во кафетериите можеби и не е вистински
Многу ланци на кафулиња, како што е користат вештачки ароми за да привлечат муштерии. Постои компанија “ScentAir”, која се занимава само со производство на ароми и распрскувачи, и ги продава на кафулињата и рестораните. Арома технологијата е се попопуларна во светот, и постигнува одлични резултати, во однос на привлекувањето на што поголем број на клиенти. Меѓутоа, и оние кафиња кои ги купувате во продавницит, како на пример популарното Нес кафе, користат зголемени ароми, за секоја конзерва да има свеж мирис кога ќе ја отворите. Сепак, овие арми се произведени од природни зрна кафе, такашто не се вештачки.
Европјаните го нарекувале кафето ,,арапско вино”
Лингвистичката историја на кафето е поинтересна отколку што мислите. Европјаните, кога прв пат се запознале со кафето го нарекле ,,арапско вино”. Зборот кафе настанал од арапскиот назив “qahhwat al-bun”, што во превод значи вино од зрна. Подоцна оваа фраза прераснала во “kahveh”, што и ден денес е турскиот назив за кафе. Ние секако сме го превземале од нив овој термин. Колку е важно кафето во турската култура говори и фактот што турскиот збор за појадок е “kahvalti”, што во превод значи ,,пред кафе“.
Двете најстари мачки пиеле кафе секој ден
Krim Paf е името на мачката која го држи светскиот рекорд за старост. Таа имала 38 години кога починала, во 2005 година. Џејк Пери, и давал да пие кафе со него секое утро. Покрај тоа, тој ја хранел и со јајца, сланина и брокули. Меѓутоа, ова и не би било толку интересно, доколку неговата претходна мачка исто така не била светски рекордер по старост. Сопственикот се хранел исто како и неговата мачка.
Кафето може да ви го спаси црниот дроб од алкохол
Научниците откриле дека кафето значително може да го смали ризикот од цироза на црниот дроб. Една студија покажала дека секоја шолја на кафе која луѓето ја пијат во текот на денот, го смалува ризикот од добивање на црнодробна цироза за 22 проценти. Неодамна уште една студија за занимавала со слично прашање , покажувајќи дека пиењето на кафе може да го смали ризикот од добивање на канцер на црниот дроб за цели 40 проценти, а тие кои пијат три или повеќе шолји кафе го намалуваат ризикот за 50 посто.
Џорџ Вашингтон го измислил инстант кафето
Иако инстант кафето прв пат се спомнува во 1901 година, кога рецептот за кафе, кое се прави со вода го измислил хемичарот Сатори Като од Чикаго, првото инстант кафе кое се појавило во продажба било она кое го измислил човекот по име Џорџ Вашингтон. Иако ова кафе е окарактеризирано како ,, не баш добро “, се давало на американските војници кои особено се истакнале воПрвата Светска војна.
Постои СПА во Јапонија каде што можете да пливате во кафе
“Junesun” спа центарот на своите посетители им пружа интересни услуги. Имено, можете да бирате во каква течност ќе се капете. На располагање ви се зелен чај, чоколадо, саке или кафе. За 27 долари можете да легнете во када, да се опуштите, додека некој ве полива со кафе. Потоа може да отпливате до базенот, во кој ќе пливате меѓу зрна кафе.