Музиката и пеењето имаат позитивен ефект на когнитивните и емоционалните способности, па со тоа придонесуваат за подобро расположение, тврдат финските научници од Универзитетот во Хелсинки. Според нив, слушањето и пеењето на ведри песни го подобрува помнењето и влијае врз урамнотеженост на емоциите. Деветмесечното истражување го направиле врз 89 парови, кои биле поделени во две групи. Во секој пар имало по еден член на медицинскио персонал и по еден пациент кој боледувал од лесна до умерена деменција. Првата група учествувала во десетдневна музичка програма, за време на која учесниците пееле и слушале песни кои им биле познати од порано. Втората група продолжила да ги извршува вообичаените активности, а по девет месеци пациентите биле подложени на невропсихолошко тестирање и проценка на расположението.

Резултатите покажале дека музичките активности кај учесниците од првата група влијаеле на подобрувањето на нивните когнитивни способности, како што се работното помнење, способноста за ориентација и извршувањето на работните задачи. Во исто време симптомите на депресија кај сите пациенти биле значително ублажени, а кај некои дури и поефикасно отколку за време на стандардниот начин на лекување. Бенефитот од уживањето во пеењето бил поголем кај пациентите помлади од 80 години и кај оние со полесна деменција, а бенефит од слушањето музика бил позабележлив кај оние со потежок облик на деменција. И двете музички активности влијаеле врз подобрата состојба на пациентите со полесна когнитивна дефициенција и кај оние кои боледувале од Алцхајмерова болест.

Музиката можеме да ја сметаме за алтернативна терапија која овозможува стимулација на когнитивинте и емоциналните способности, но таа придонесува и за општествената добробит на постарите луѓе заболени од нарушување на способноста на помнењето. Вистинскиот вид звуци може да ви го опушти умот, да ви го сврти вниманието или да ве натера да завршите некоја работа. За да направите најдобро работно опкружување, ова се истражувањата кои ќе ви помогнат во тоа. Иако најчесто се цитира истражувањето според кое слушањето на музиката на Моцарт ќе ве направи генијалец, сепак се работи за претерано тврдење. Бројните истражувања дошле до заклучок дека слушањето музика и порастот на продуктивноста зависат од разните услови. Зависи од тоа дали вашата канцеларија е толку многу бучна, што вистинскиот вид музика е попожелна од природната какофонија. Зависи од вашиот личен распон на внимание и од тоа како се носите со контролирањето на она што го слушате. Иако некои истражувања тврдат дека слушањето музика на работното место може да доведе до судири, сепак поголемиот дел од нив заклучиле дека музиката може навистина да ја подигне продуктивноста. А, постојат генерални жанри со кои можете да се послужите за да ја зголемите својата работоспособност.

Класична музика

Барокната музика побудува многу внимание поради своето влијание врз стимулирањето на мозокот. Осмина радиолози побарале за време на работното време да слушаат барокна музика. Освен еден кој рекол дека тешко се концентрирал, остатокот од групата пријавиле подобро расположение и поголема продуктивност.

Амбиетална музика

Овој вид музика во својата суштина и е дизајнирана за да го ангажира мозокот на потствесно ниво. Пионерите како што е Брајана Ена ја развиле амбиеталната музика како експеримент композиции, вклучувајќи ги алгоритмите, случајностите, синтисајзерите и се што звучи добро, а може да ги замени стандардните делови на поп музиката. Тука се и модерните варијанти, како што е амбиеталниот хаус.

Ако музиката премногу ви пречи, тогаш можеби е време да употребите ,,обоена,, бучава. Генераторите на бучавата, обично групирани во групи како што се бела, розова, црвена и други, покриваат широк дијапазон на она што вашето уво може да го детектира, а со цел да ги замаскираат другите звуци.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина