Нашите предци јаделе исклучиво студена храна пред да го пронајдат огнот, но пресните намирници се потешки за варење од топлите. Горилата џвакаат по цел ден за да ја подготват храната за варење, пандите ја џвакаат храната и по 16 часа, а кравите имаат дури четири желудници за да можат да го сварат сето она што ќе го внесат во организмот. За среќа, ние се разликуваме од животните, кои не се способни термички да ја обработат храната која ја јадат.

Пред ногу милиони години, праисторискиот човек го запалил првиот оган, и новото откритие на почетокот го користел за да се згрее, но како и оружје и одбрана од дивите животни. Набрзо открил дека на овој начин може да ги обработува и намирниците, кои биле многу повеќе повкусни така подготвени. По два милиони години еволуција, денешниот човек воглавно не може да јаде исклучиво сирова и необработена храна, како што тоа го прават предаторите, бидејќи тие во однос на луѓето едноставно имаа, ,,посилен и поотпорен стомак,,, а во исто време и посилен дигестивен тракт.

Кога ќе подгрееме некоја намирница, автоматски ја зголемуваме нејзината калориска вредност и, за жал, го намалуваме бројот на нуритиенти во неа, но исто така добиваме и многу бенефити. Судејќи според истражувањењето спроведено на Харвард, со термичка обработка на овесот, пченката и компирот добиваме дури 30% повеќе енергија, а 78% повеќе протеини од јајцата. Одредени модерни исражувања покажале дека дури и шимпанзата повеќе бираат готвена храна, од пресна. Со термичка обработка исто така се убиваат и бактериите, кои можат да бидат кобни за човечкиот живот. За нашиот организам да препознае некоја храна како здрава, таа мора да биде на собна температура. Ако во организмот внесуваме студена храна, ќе се почувствуваме потромави и подуени, поради тоа што процесот на варење започнува во устата, а кога храната е млака, таа сама ја повлекува плунката и овозможува намирниците да бидат полесно сварливи. Кинеската филозофија се темели на балансот, па така некои намирници се јадат исклучиво во сиров облик, некои студени, а други топли. Повеќето луѓе ја имаат слушнато изреката „храната е лек“, но кога ќе се каже дека храната може да му штети на организмот, не ни е баш најјасно на што се мисли. Според киснеката диететика, храната е поделена на студена и топла, исто како и човечката конституција – топлото е Јанг а студеното е Јин. Така на пример, според нив, мандарините спаѓаат во топла храна, и кога ќе се претера со нивното консумирање, се појавува преголема количина оган во усната шуплина, оток на непцата и гингивите, воспаление на очите и носот. Истото се случува ако претераме со топлите и лутите намирници, или ако јадеме големи количини чоколада, мрсна или храна подготвена со пржење.

Сировиот зеленчук го вариме многу подолго, а кога пак е тој термички обработен станува полесно сварлив. На нашиот организам најмногу му годи храната која е собна температура, вклучувајќи ја тука и водата, бидејќи кога е кратко бланширана се задржуваат витамините и минералите во неа. Ако додавате вештачки зачини и готвите со часови некое јадење, тогаш тоа секако повеќе не е повеќе здраво.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина