Брусница во мед може да се најде и како готов производ или можете сами да го направите. Се што е потребно е за време на берењето на брусниците да ги ставите овие малечки бобинки во квалитетен домашен мед. Потоа овој лек може веднаш да се користи.

Брусница во мед е вистински природен лек кој лекува од бактеријата Escherichia coli. Оваа бактерија е најчестиот предизвикувач на воспаление на мочните канали. Покрај тоа што овој природен лек ја остранува бактеријата, тој е добар и поради тоа што ги чисти бубрезите, црниот дроб и простатата. Се користи како превентива при кардиоваскуларни болести. Ги обновува клетките за вид, што резултира со подобар и поздрав вид.

За да се постигнат уште подобри резултати со овој лек, потребна е голема упорност при неговото консумирање. Оваа комбинација содржи исклучително мала количина природни шеќери, па така делува на намалувањето на гликозата во крвта. Исто така, ваквата комбинацијаги подзасилува сексуалните потреби како кај жените, така и кај мажите, бидејќи делува многу добро на простатата и на крвотокот на гениталиите.

Се консумираат два до три пати дневно пет до шест бобинки заедно со мед.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина