Доколку имате темни кругови под очите, а сте пробале разни начини за да се ослободите од нив, а не сте задоволни од нив, обидете се со уште еден, едноставен и природен начин.

Ќе ви требаат само две состојки од кујната: кафе и кокосово масло

Како да се подготви маската:

Добро измешајте малку кафе со неколку капки кокосово масло, а потоа со краевите од прстите нанесете ја смесата во пределот под очите.

Со нежни кружни движења втријте ја смесата. Кога ќе завршите, оставете ја маската на лицето 10 – 15 минути и оставете ја додека не се исуши целосно. Потоа отстранете ја маската со помош на мека ткаенина или хартиени шамивчиња. Измијте се на вообичаен начин, и ако сакате нанесете на лицето хидратантна крема. Повторувајте ја оваа процедура неколку пати неделно. Таа ќе ви помогне да ги отстраните поткожните воспалителни процеси, ќе ги намали подочниците и ќе ги острани отоците. Маската со кафе, секако, може да се користи и на целото лице.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина