Предменструалниот синдром (ПМС) претставува збир од физички и емоционални промени кои се јавуваат непосредно пред менструалното крварење. Физичките промени обично се манифестираат како надуеност, задржување на течностите, зголемување на телеснаа тежина, чувствителност на дојките, надуеност на дланките и стапалата, потоа слабост, мачнина, пролив, повраќање, главоболки, промени на кожата и проблеми со дишењето.

Емоционалните промени се депресија, иритабилност, напнатост, вознемиреност, промени во однесувањето, невозможност за концентрирање и летаргија. За 2% – 5% од жените предменструалниот синдром претставува голем проблем. Но, уште поголем број жени имаат лесни или умерени физички или емоционални промени пред менструацијата. Симптомите можат да настанат во кој било период во текот на менструалниот циклус и исчезнуваат штом се појави менструалното крварење. Проблемите кои се јавуваат не се исти од месец во месец, туку се менуваат според интензитетот. На тегобите најчесто се жалат жените во дваесеттите и триесеттите години од животот.

До денес се уште не се знаат причините за појава на предменструалниот синдром. Несомнено е дека тегобите се поврзани со цикличните промени во концентрациите на хормоните, бидејќи овие симптоми ги нема во текот на бременоста и по менопаузата. Стресот доведува до зголемување на тегобите кај жените и е и причина за нивната појава. Докторот може да ги припише наведените тегоби на предменструалниот циклус само доколку тие претходат на предменструалното крварење. Затоа им се советува на жените во својот роковник или потсетник ги забележуваат сите симптоми започнувајќи од првиот ден на настанокот, па се до нивното исчезнување. Во календарот исто така треба да се забележи и почетокот на менструалниот циклус. Околу 90% од жените го чувствува предменструалниот синдром, а стручњаците проценуваат дека 3% – 5% од нив патат и од поекстремна состојба која ја нарекуваат предменструално нарушување (ПМН). Иако повеќето го ,,толерираат,, ПМС без голема врева, нема сомнение дека ПМС го намалува квалитетот на животот.

 

pms

Четири основни симптоми на ПМС:
  1. Чувство на страв, раздразливост и зголемена психичка чувствителност.
  2. Чувство на неиздржлива глад и зголемен апетит.
  3. Депресија, несоница.
  4. Насобирање течности, напнатост во градите.

Без разлика на тоа што ПМС се смета за вообичаен, па и очекуван дел од менструалниот циклус, според некои стручњаци тоа не мора да биде така, а поизразени симптоми можат да сигнализираат некои сериозни нарушувања. Доктор Финкелштајн, основач на холистичкиот центар во Њујорк, вели дека ПМС не треба да биде норма. Иако се вообичаени, овие симптоми сигнализираат нерамнотежа. Воглавно се работи за прехранбени проблеми, недостаток на сон и високо ниво на стрес, кое предизвикува непотребни страдања кај жените. Доколку забележувате дека ПМС симптомите ви го узурпираат вашиот вообичаен живот и секојдневното функционирање, треба да се направат некои промени во својот животен стил.

Сменете го животниот стил
  1. Одбегнувајте храна за која знаете дека е нездрава и која предизвикува воспаленија.
  2. Фокусирајте се на свежа, локална храна.
  3. Не консумирајте обработена храна. Читајте ги етикетите и бирајте намирници на кои ќе можете да ги видите сите состојки.
  4. Ограничете го внесувањето на кофеин и алкохол.
  5. Пијте многу течности вода, млеко и овошни сокови.
  6. Намалете го стресот и спијте квалитетно.

Најчестите емоционални проблеми кои се кријат зад ПМС се зависноста од врските, затапувањето на сопствените чувства и жртување на сопствениот живот за да се задоволат другите. Поради тоа промените во стилот на животот ќе го спречат ПМС и ќе имаат позитивни ефекти врз здравјето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина