celulit_naslovna

Целулитот денес е вообичаена појава, го имаат дури и најслабите манекенки и познатите личности. Меѓутоа, не значи дека не треба да се борите против него. Многу експерти велат дека е неможно да го отстраниме во потполност (станува збор за тврдокорниот целулит), но дека со помош на правилна исхрана, вежбање, масажи, креми , можеме да го сведеме истиот на миниум. Потребно е само да се наоружаме со време и упорност, па најдобро би било со „ антицелулитниот програм ” да започнеме уште денес.

Масажа, дренажа и пилинг

Масажата е важен дел од овој процес, а ако немате пари за козметички третмани, масирајте ги подрачјата зафатени од целулит во вашиот дом.

Најдобри се кружните движења, секогаш масирајте од листовите или колената нагоре. Исто така, барем еднаш неделно треба да користите антицелулитен пилинг кој можете да го направите и од мелено кафе, малку кафеав шеќер и лажичка маслиново масло. Познато е дека кофеинот ја потикнува циркулацијата!

Важно предупредување Ако имате чувствителни капилари, избегнувајте ги антицелулитните масажи во салоните. Заради силниот притисок, капиларите би можеле да попуштат, што естетски изгледа и полошо од целулитот…

celulit_1

Исхрана

Кога е исхраната во прашање, тука нема некои големи мудрости. Масната храна и слатките работи ќе ја зголемат видливоста на целулитот, додека овошјето и зеленчукот ќе го забрзаат метаболизмот и ќе помогнат во намалувањето на масните наслаги. Изберете салати, пилешко месо, немасна шунка со ржен леб, нискокалорични јогурти и храна готвена на пареа,а пред се- многу е важно да ја исфрлите солта од исхраната. Солта ја задржува водата во телото.

Внесување течности

Зголемете го внесувањето на течности. Пијте многу вода. Можете да исцедите лимон, лимета или портокал, а познато е и дека зелените и жолтите чаеви помагаат при елиминирањето на целулитот. Незасладениот чај сварете го во еден голем лонец, поделете го во шишиња од по пола или еден литар и пијте го во текот на денот.

Креми против целулит

Иако многумина тврдат дека кремите против целулит се најобична измисленица, постојат научни докази дека „тие си ја работат својата работа”. Секако, доколку јадете масна храна, не вежбате или не правите никаква физичка активност, не пиете течности (особено негазирана вода), ниту целулитот нема да се намали. Но, доколку во вашиот животен стил, освен потребните животни промени во однос на исхраната и вежбањето, ја внесете и кремата, тогаш резултатите ќе бидат и повеќе од видливи. Сепак, не треба да ги слушате само рекламите, туку читајте и пребарувајте и на интернет, зборувајте со другите жени и слушнете ги нивните искуства и мислења. Најефикасните креми често се оние со сосема прифатливи цени.

Вежби

Ако имате проблем со целулитот на задникот и колковите- почнете да вежбате. Кардио-тренингот неколку пати неделно е добар, бидејќи преку потењето ќе ги исфрлите штетните материи и токсините од телото. Секако, можете и да пешачите секој ден или да џогирате со умерено темпо неколку пати неделно- важно е да ја пронајдете активноста што вам најмногу ви одговара.