Болката во ушите може да биде крајно непријатна, а неретко и многу силна. Причината за тоа е поврзана со носно-ждрелниот дел кај луѓето, преку кој се шират и поврзуваат болестите од устата, грлото и забите. Увото е посебно чувствително, па и најмал притисок во среднто уво предизвикува болка. Таквата болка често се јавува како последица од настинка или измоеност на уреди за разладување, кон кои сите ние со задоволство прибегнуваме во врелите летни денови.

Преглед

Ако телесната температура ви е поголема од 38,5 степени целзиусови, посветете му посебно внимание на увото, со цел да го заштитите. Ако веќе ви е утврдено некакво оштетување, како на пример дупка на ушното тапанче, имајте на ум дека не смеете да го топите, освен да му ставата евентулано етерично масло од ѓумбир ако се работи за помало воспаление (шест капки масло во 50 мл. топла вода се става на газа и газата се става зад увото). Лежечкиот став на телото ја засилува болката, па одбегнувајте ја колку што можете повеќе.

Облози

За смирување на болката во увото брзо и лесно можете да си помогнете со домашно спремени креми. Еден од овие рецепти е облогата од цвежо изрендан кромид. Замотајте го во газа и ставете го на болното уво. Одлично ќе помогнат и капки од маслино масло. Ладно цедено малсиново масло сезагрева на телесна температура и се меша со една капка масло од лаванда или масло од ноќниче. Со оваа мешавина се натопува една газа или памукче и се става во увото. Благодетите од маслата ќе делуваат веднаш на болката и ќе ја смират. За масажа околу увото, може да се користи бадемово масло, кое претходно ќе го помешате со три капки масло од лаванда и камилица и лесно ќе го масирате околу увото. Ако ви шуми во ушите, ова непријатно чувство можете да го намалите или сосема да го отстраните со чај од ким, камилица, или имела.

Истражувања

Научнит еисражувања покажале дека оние луѓе кои често имаат проблеми со болки во ушите треба да одбегнуваат да консумираат млечни производи, шеќер и масни киселини. И чадот од цигари исто така го иритира ушното тапанле, па држете се подалеку од зачадени простории.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина