Постојат повеќе од 200 видови главоболки или мигрени. Мигрената типично се манифестира како напад на еднострана главоболка придружена со пулсирање во слепоочниците, мачнина или повраќање и силна чувствителност на светло и врева. Атипичната главоболка не ги оддава сите симптоми, а понекогаш нема ни јасна главоболка. Таквата мигрена се нарекува “тивка” мигрена.

За да се превенираат атипичните, но и типични главоболки, треба да се одбегнуваат поттикнувачите на тие мигренски напади и доволно да се наспиете и воопшто да водите уреден начин на живот со многу помалку стрес. Лекувањето е слично и кај двата вида мигрена – одмор во креветот во темна просторија, со пиење многу течности, најдобро слатки чаеви.

При акутен напад треба да се земе лек кој го има препишано доктор, и тоа веднаш на почеток на нападот, не смее да се чека нападот да помине сам од себе, бидејќи тоа е многу ретко. Докажано е дека сирењето, црвеното вино, пивото, чоколадата, киселата зелка, квасецот, соја сосот, црното грозје, агрумите и авокадото помагаат при силни главоболки

За да се одбегне ова, дневната потреба за калории треба да се распредели во три главни оброци и два меѓуоброци. Времето помеѓу оброците не смее да биде подолго од четири до шест часа поради појава на хипогликемија (намалено ниво на гликоза во крвта), која ја придвижуватапатаглавоболка од двете страни, која обично се нарекува тензиска главоболка. Прескокнувањето на оброците, како на пример појадокот, во текот на денот може да го поттикне развојот на главоболката, а тоа посебно им се случува на помладите жени. Кај главоболките може да помогне длабокото дишење, бидејќи така се зголемува количината на кислород и мозокот подобро се снабдува со енергија.

Ментолот, тигровата маст или слични масла со еукалиптус предизвикуваат лесно ширење на вените и подобра снабденост со крв. Многу често ментолот се користи кај главоболки предизвикани од синусите.

И акупунктурата е одличен метод за решавање на тензиските главоболки. Светската здравствена организација ја има признаено како метод за лекување на болните синдроми, но никој не може сам да ја прави, туку е резервирана за стручњаците кои знаат која точка треба да се стимулира или смири. И со акупресура, со притискање со прстот, обично со палец или понекогаш со целата дланка на одредена точка, може да се постигне ефект како кај акупресура, каде се боцка со игла. Ова може секој да го научи и да го примени врз себе. Со палците притиснете го местото зад слепоочниците, околу еден сантиметар зад линијата на растење на косата. Лесно кружете дваесеттина пати и длабоко дишете. Со притискање на оваа точка превентивно се делува и се спречуваат голем број главоболки. Ќе се ослободите од главоболката и со притискање на акупресурните точки кои се за мозокот, епифизата и хипофизата, која се наоѓа на врвовите на ножните и рачните палци, едниот ставен под другиот. Стискајте со ноктот, а не со јагодиците од палецот. Со третирање на овие точки ќе ги подобрите и концентрацијата и помнењето.

Кај ноќните главоболки кои се јавуваат по 50 година од животот, а можат да бидат толку многу силни, што да разбудат од сон, причина може да биде т.н. бруксизам, односно стискање на забите, па овде помага – забна влошка.

И температурата на храната исто така влијае на појава на главоболките. Најдобро е храната да биде на собна температура или малку потопла. Ако слузницата на усната шуплина нагло се загрее или олади, се јавува краткотрајна ,,сладоледна,, главоболка.

Жените треба да ја пуштат косата, бидејќи главоболката може да се појави и кај оние кои се склони да ја врзуваат косата во коњско опавче, па така поттикнуваат да се појави главоболка поради напнатост на мускулите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина