Кога доброволно ќе дадете крв, губите околу 3,5 билијарди (‘милион од милион’) црвени крвни зрнца, но телото многу брзо ги заменува со нови. Можете да загубите дури и големи делови од виталните органи и да живеете. Да речеме, човек може релативно нормално да функционира и со само половина мозок. Другите важни органи можат целосно да се отстранат, а тоа да не остави драматични последици врз животот на оној кој останал без нив.

 

Без кои големи органи може да се живее објаснил за британскиот “San” доктор Адам Тејлор, професор по анатомија на Универзитетот во Ланкастер.

 

Слезенка

 

Овој орган се наоѓа на левата страна од абдоменот, под ребрата, и честопати се отстранува поради повреда во сообраќајна несреќа. Поради тоа што е во близина на ребрата, тој е ,,ранлива,, точка при повреди на абдоменот.

 

Улогата на слезенката е складирање и рециклирање на црвените и белите крвни зрнца и тромбоцитите. Ако таа се отстрани, човек може да продолжи да живее нормално, бидејќи и црниот дроб исто така има улога во рециклирањето на црвените крвни зрнца и нивните компоненти, а лимфните жлезди во телото ги преземаат останатите функции на отстранетата слезенка.

 

Желудник

 

Желудникот може да биде отстранет во случаи на канцер и тешки повреди. Ако дојде до тоа, хирурзите прават ,,бајпас,, и го поврзуваат хранопроводникот со тенкото црево. Секако, подоцна овие пациенти мора да се придржуваат до специфичен начин на исхрана, што значи дека храната која ќе ја земаат мора да биде во облик кој организмот ќе може да ја свари во тенкото црево. Накусо кажано, течна или полутечна храна е се што им е дозволено.

 

Репродуктивни органи

 

Попрецизно овде се мисли на тестисите кај мажите и јајчниците кај жените. Ако хируршки се отстрани еден тестис или еден јајчник, човек и понатаму може да има деца, по природен пат. Сепак, ако поради тумор ил итешки повреди се отстранат двата тестиси или двата јајачници, тогаш повеќе нема да може да се има потомство по природен пат. Ако на жена и се отстрани матката, поради рак или тешки повреди, менструалниот циклус ќе сопре.

 

Отстранувањето на јајчниците не влијае на животниот век, додека остранувањеот на тестисите, според некои истражувања, понекогш дури и го продолжува животот на мажот.

 

Дебело црево

 

Дебелото црево е долго околу метар и половина и неговата улога во организмот е да ја апсорбира водата и да го таложи фецесот пред да излезе од телото. Најчеста причина за негово отстранување е ракот.

 

По таквата интервенција, пациентите обично закрепнуваат сосема како треба, но во зависност о дтоа колкав дел е отстранет од дебелото црево, и кој дел, може да се случи понекогаш тие да требаат стома за дефекација – отвор на стомакот, преку кој изметот се исфрла во специјална ќеса.

 

Жолчно ќесе

 

Овој орган е сместен веднаш до црниот дроб, во горниот десен дел од абдоменот. Во неа се складира жолчата, која ја произведува црниот дроб и која служи за разградување на мастите. Кога цревата ќе ,,детектираат,, маст, жолчката стига во цревата и помага во варење на тие маснотии. Жолчното ќе се отсранува најчесто поради создавањ ена камења. Ако и дојде до тоа пациентот може да продолжи да живее без драстични промени во животните навики.

 

Бубрези

 

Оние на кој им е отстранет еден бубрег можат да живејат без проблеми, бидејќи имаат уште еден бубрег. Технички, може да се живее и без двата бубрега, но тоа е многу тешко.

 

Бубрезите ја филтрираат крвта, го задржуваат она што ни треба, а го исфрлаат од организмот непотребното. Кога пациентот поради болест или тешка повреда ќе остане без двата бубрега, единствено решение  дијализата – повеќечасовна постапка која ја заменува улогата на бубрезите, а на која пациентот мора редовно да оди, неколкупати неделно.

 

Дијализата е исцрпувачка процедура, која значително го скратува животниот век на болниот. Ако пациент започне да оди на дијализа на околу 20 – годишна возраст, очекуваниот животен веке  помеѓу 16 и 18 години, а ако започне на 60 – годишна возраст, животниот век е само пет години.

 

Слапо црево

 

Порано се сметало дека слепото црево е бескорисно, но новите научни теории велат дека тоа служи како ,,безбедна куќа,, за добрите бактерии кои ги населуваат нашите црева, па така кога нивната рамнотежа ќе биде нарушена поради болест, бактериите од слепото црево можат да помогнат да се обнови нивниот број.

 

Ако дојде до негово воспаление, тоа хируршки се отстранува. Оние кои се оперирани велат дека не забележале никаква разлика во животот пред или по операцијата.

 

Тагови: органи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина