Научно е докажано дека исхраната може да влијае добро на менталното здравје и дека не мора секогаш да се посегнува по лекови против депресија и анкциозност. Развојот на овие ментални болести доведува до неурамнотеженост и намалување на многу хормони во организмот, како што се допаминот и сератонинот, па затоа лошото расположение и безволноста се секојдневна појава. Меѓутоа, стручњаците откриле дека помената на начинот на исхрана и честото консумирање одделни намирници кои содржат витамини, минерали, здрави масти и антиоксиданси може да го подобри менталното здравје и така да помогне во борбата против депресијата и анкциозноста.

Интегрални житарки

Јагленохидратите можеби не помагаат за губење на килограмите, но и тоа како се полезни кога станува збор за расположението. Истражувањата покажале дека диетите кои препорачуваат внесување на многу зеленчук, овошје и житарки спречуваат настанување на депресија и анкциозност како и често менување на расположението. Житарките од цело зрно содржат високо ниво на триптофан, аминокислеина која е неопходна за синтезата на сератонинот и мелатонинот, хормоните кои се одговорни за нашето расположение.

Ореви

orevi1

Оревите се одличен извор на омега-3 масни киселини, антиоксиданси и протеини, кои можат да помогнат во намалувањето на симптомите на анкциозност и депресија. Оревите најдобро е да се онсумираат во сиров облик, бидејќи тогаш содржат најголема количина полифеноли и магнезиум, кој придонесува личноста да се чувствува смирено. Стручњаците советуваат во борбата со лошото расположение да се бориме со консумирање индиски ореви. Овој јакткаст плод содржи железо, витамин Б6, протеини, многубројни аминокиселини и триптофан, кој ја подобрува апсорпцијата на сератонинот во мозокот и го намалува чувството на депресија.

Боровинки

Боровинките содржат голем број антиоксиданси, кои придонесуваат за намакувањето на чувството на депресија. Тие исто ткаа се богати и со витаминот Ц, кој помага во намалувањето на кортизолот, а со самото тоа се намалува и анкциозноста. Неодамнешната студија покажала дека јадењето боровинки може да помогне во намалувањето на негативните генетски и биохемиски материи кои ги произведува организмот во текот на депресијата. Редовното консумирање на боровинки исто така ги намалува суицидалните склоности кај оние кои имаат преживејано постравматски стрес.

Млечни производи

Млечните производи и јајцата се добри за намалувањето на депресијат аи анкциозноста. Посебо се препорачува консумирање грчки јогурт, бидејќи тој има доволно протеини и јагленохидрати кои влијаат позитивно на нивото на шеќер во крвта. Докажано е дека чувството на анкциозност е поврзано со падот на нивото на шеќер, па токму затоа јогуртот е вистински избор во борбата против ова нарушување. Млечнит епроизводи, исто така, содржат триптофан, кој е природен смирувачки агенс. Затоа многу психотерапевти што често консумираат сирење, јајца, јогурт, сладолед и други млечни производи

Црна чоколада

 

crna-cokolada

Црната чоколада делува како природен антидепресив, правејќи да се чувствуваме подобро, бидејќи содржи тирозин, кој влијае на зголемување на допаминот во организмот. Допаминот влијае директно на нашата емоционална благосостојба, бидејќи ги сстимулира центрите на задоволство во нашиот мозок. Познато е дека чоколадата го олеснува ослободувањето на сератонинот и ги опушта крвните садови во мозокот, а покрај тоа црната чоколада ослободува и ендорфин, поради кој се чувствуваме среќно, и го намалува чувството на стрес и анкциозност.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина