Ентеровирусите се присутни во плунката, во слузта од носот и во столицата на заразените. Се пренесуваат со валкани раце, преку капки или предмети, како на пример квака, слушалка од телефон или чашка, на кои се задржуваат вирусите. Тие демнат дури и во базените со заразена вода. Ги има околу 70 различни видови и најчесто се појавуваат во летниот период. На нив никој не е имун, посебно не децата од 4 до 12 години. Ентеровирусот влегува во телото преку дигестивниот тракт и ја инфицира слузницата на ждрелото и на дигестивниот тракт. Се размножува во лимфните јазли, од каде потоа преку крвта се шири во органите, а многу често го напаѓа и нервниот систем. Откако ќе се зарази едно дете, болеста во просек погодува уште половина од другите деца и 25% од возрасните членови на семејството. За тоа кои органи се на удар на вирусот зависи од тоа дали ќе се развие болест со полесна или со потешка клиничка слика.

Инаку, ентеровирусите се голема група вируси кои предизвикуваат различни облици на болести, од целосно безопасни, па се до оние кои можат да доведат до инвалидитет (вирисот на полио), па и смрт, ако станува збор за многу тешки инфекции кои го зафаќаат срцето и срцевата марамица. За среќа, повеќето ентеровируси предизвикуваат краткотрајни и по животот безопасни тегоби, кои минуваат во рок од неколку денови. Од симптомите кои притоа се појавуваат тука е зголемената телесна температура, која може да се изкачи и до 40 степени целзиусови, главоболка, болки во грлото, болки во мускулите и болки во пределот на стомакот, а понекогаш се јавува осип, повраќање и пролив, кој трае три дена. Кај потешките облици на ентеровироза лекувањето воглавно се состои во намалување на телесната температура и надоместување на загубените течности. Кај појавата на осип треба трпеливост, бидејќи тој се намалува обично по три до четири денови.

Исхрана при ентеровироза

Се припишува лесна исхрана, како ориз и јогурт. Во случај на проливи и повраќања не се препорачува консумирање на свежо овошје и зеленчук или овошни сокови. Додека симптомите се најизразени, корисно е да се јаде варен ориз или оризови снегулки. Дури кога ќе се смират проливте и повраќањата, се воведува исхрана со компоти или варен зеленчук. Притоа, никако не смее да се заборави пробиотскиот јогурт, кој ќе ја смири цревната флора.

Дополнителни совети:
  • Вирусот брзо се пренесува меѓу членовите на семејството

    Ентеровирозата почесто се појавува во летните месеци. Болеста многу лесно може да се пренесе на другите членови од семејството, па затоа хигиената е најважниот чекор во лекувањето.

  • Болеста се шири со кивање, а демне и во базените со заразена вода

    Ентеровирозата се заканува од нечисти раце, нечисти површини на кои се задржуваат вирусите (кваки, телефони, клучеви и слично), но и од загадени базени и загаден воздух, бидејќи се пренесуваат преку кашлање и кивање.

  • Аларм: меурчиња во устата и јазли на стапалата

    Меѓу потешките облици на ентеровироза е воспалението на мозокот (ентеровирусен енцефалитис) и воспалението на мозочната кора (менингениална ентеровироза). Полесните облици се воспаленија на устата и усното ждрело, фарингитис, потоа болест на дланките и стапалата, кои се препознатливи по појавата на меурчиња во усната шуплина и јазличиња на дланките и стапалата, како и Борнхолмска болест, која е проследена со болки во градниот кош.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина