Зашеќерените овошни сокови во поголеми количини се опасни за срцето и значително го зголемуваат ризикот од смртност од срцеви и други заболувања, имаат објавено американските научници.

Научниците следеле 18.000 испитаници во текот на шест години, а резултатите од своето истражување го претставиле на конференцијата на Американското кардиолошко здружение (American Heart Association). Тие утврдиле дека кај оние кои дневно пијат повеќе од две унци (6,8 децилитри) слатки напитоци, ризикот од смртност од срцеви и други болести е двапати поголем од оние кои дневно во просек консумираат помалку од една унца. Водичот на истражувањето, Џин Велч, вели дека резултатите од истражувањето повторно потврдуваат колку е важно да се контролира внесувањето шеќер во организмот.

 

  • Сметаме дека истражувањето во значителна мерка ги поткрепува сознанијата за важноста од намалувањето на удделот на слатките напитоци во нашата консумација – нагласила таа.

 

Заклучоците на научниците од оваа студија се однесуваат не само на напитоците, туку исто така и на јадењата кои имаат висок уддел на шеќер. Имено, како што наведуваат, очигледно е дека поради недостиг на хранливи материи во слатките напитоци нивната употреба води до ,,прилив на шеќер,, кое телото мора да го апсорбира, додека во храната, освен шеќер, постојат масти и протеини кои го забавуваат метаболизмот.

 

Тагови: сокшеќер
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина