Сигурни ли сте дека не сте носител на ХПВ? Дали девиците можат да го носат овој вирус и дали има смисла вакцинирањето?

 

Некои своето незнаење ќе го платат со прерана смрт. Иако инфекцијата со ХПВ може да се развие во секое време, ако се заразите многу рано, тоа може да биде многу опасно, бидејќи вирусот има повеќе време да предизвика штета во организмот, што на крај може да доведе до рак. Раното стапување во сексуални односи е ризик фактор.

 

 

Кондомите штитат од зараза со ХПВ?

Кондомите го намалуваат ризикот, но не го отсрануваат целосно. Освен преку сексуален однос, ХПВ може да се шири и преку контакт на кожа со кожа – деловите кои кондомот не ги покрива можат да бидат инфицирани со овој вирус. Целиот генитален дел, од анусот до тестисите или до вулвата, може да ја пренесе болеста и по пат на фаќање со прстите. Не мора да имате брадавици или абнормален примерок на ПАП-тест, ниту какви било симптоми за да го пренесете вирусот на сексуалниот партнер. Не постои начин за потполно спречување на пренесувањето на ХПВ.

 

 

Дали мажите треба да ги загрижува ХПВ?

Мажите/момчињата имаат подеднакви шанси да се заразат со ХПВ вирусот како и жените. Кога вирусот се пренесува преку сексуален пат, може да го инфицира гениталниот дел кај мажот, вклучувајќи ја кожичката на и околу пенисот, тестисите и анусот. Оние кои се впуштаат во орален секс со инфициран партнер, можат да добијат ХПВ инфекција на устата и грлото. Ова може да доведе до генитални или орални брадавици како и до рак на пенисот, анусот, устата и грлото.

 

 

Дијагностика на ХПВ

 

Со години постои евтин и достапен ПАП-тест, кој на време ќе укаже на развој на оваа болест, на која и се потребни седум до десет години за да стане опасна. Со редовна контрола, ниту една жена не би требало да почине. Овој тест го открива вирусот ХПВ, кој почнал да врши промена на грлото на матката пред да дојде до рак. Ако се вршат редовни гинеколошки прегледи, гинекологот ќе открие доколку постојат претканцерогени промени и ќе ги отстрани пред да се развие опасна болест. За жал, голем е бројот на жените кои умираат како последица од рак на грлото на матката, и тоа се поради нередовно одење на контрола. Само поради негрижа, од оваа опасна болест годишно умираат околу 100 луѓе.

 

 

Можат ли сите вида на ХПВ да предизвикаат рак?

Постојат повеќе од 150 видови ХПВ, но не се сите сексуално преносливи. Обичните брадавици кои се појавуваат на нозете и рацете се последица на некој вид на ХПВ вирус. За среќа, овие видови не се шират толку лесно и не се поврзуваат со ракот. Меѓутоа, околу 40 видови се сексуално преносливи.  Некои од нив ќе предизвикаат генитални брадавици, а некои се канцерогени. Два вида се посебно опасни, бидејќи предизвикуваат во 70% од случаите рак на грлото на матката, а некои од нив предизвикуваат за 85% анални тумори. Кај жените, ХПВ може да доведе до рак на вулвата, вагината, анусот, главата и вратот.

 

Денес, за заштита од ХПВ инфекцијата се користи вакцинирање. Постојат два вида вакцини (двовалентни и четворовалентни).

 

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.