Витаминот Д е познат уште и како “витамин Сонце”, бидејќи нашето тело го произведува кога е изложено на сончевите зраци. Изостанокот на оваа можност во зимскиот период ги наведува многумина да земаат негови вештачки додатоци за да го оддржат неговото ниво во организмот задоволително.

 

Но, земањето на витаминот Д во дополнителен облик не е нужно и добра идеја, туку може дури да биде и опасно, предупредуваат стручњаците.

 

Иако нивото на витаминот Д во телото за време на темните зимски месеци паѓа, додатоци од витаминот Д може да се земаат само во консултација со доктор. Тоа го потенцира и германската фармацевтска куќа Apothekerkammer Niedersachsen. Таа предупредува дека премногу витамин Д може да предизвика прекумерна жед, зголемена потреба за мокрење, мачнина и слабост. Меѓу природните извори на витамин Д се наоѓа масната риба, жолчката, црвеното месо, црн дроб и млечни производи.

 

Освен со исхрана богата со високо ниво на витаминот Д, оваа фармацевтска куќа предлага прошетки за време на сончевите зимски денови. Телото го складира витаминот Д во црниот дроб и во масното ткиво. Во зима тоа може да задржи доволна количина од витаминот Д, базирајќи се на тие залихи. Недостигот на витамин Д влијае на слабеење на коските и може да води кон остеопороза.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина