Омега – 3 масни киселини: чувари на здравјето на мозокот
Според светската статистика, меѓу првите 10 болести кои предизвикуваат инвалидитет дури осум имаат невролошка природа, пред се Алцхајмерова болест и деменција, но и нарушувања кои го влошуваат менталното здравје, како анкциозноста и депресијата. Психолошките болести предизвикуваат намалување на годините на здрав живот за дури 23%, поради што на здравјето на мозокот треба да му се посвети големо внимание.
Еден од факторите кои особено многу влијае на нашето помнење и концентрација е секако храната. Кога станува збор за здравјето на мозокот, есенцијалните омега – 3 масни киселини се покажале за клучни во правилниот когнитивен развој и однесување. Така симптомите од недостиг на омега – 3 масни киселини вклучуваат замор, слабо помнење, проблеми со срцето, промени на расположението, депресија и слаба циркулација.
Намален ризик од Алцхајмерова болест
Неколку студии покажале дека исхраната богата со одредени риби е поврзана со здравјето на мозокот и со намалениот ризик од појава на деменција и Алцхајмерова болест. Се смета дека за оваа корист најмногу се заслужни омега – 3 масните иселини пронајдени во одредени видови риби, поради што истражувачите сугерираат дека исхраната богата со овие масни киселини може да го намали ризикот од развој на деменција.
Истражувањето кое следело повеќе од 2.000 постари жени и мажи во период од речиси пет години дошло до заклучок дека исхраната со висок уддел на риби богати со омега – 3 масни киселини е поврзан со помал ризик од развој на деменција.
Истражувачите посебно ги проучувале омега – 3 масните киселини ДХА (докозахексаенска киселина) и ЕПА (еикосапентаенска киселина), пронајдени во лососот, сардините, туните и скушите. Се смета дека ЕПА и ДХА можат да претставуваат заштитен фактор во спречување на деменцијата поради своите хемиски и биолошки својства. На пример, тие служат како градбени елементи за мембраната на заштитните клетки на мозокот и можат да помогнат да се ублажи воспалението, која може да го загрози здравјето на клетките на мозокот.
Од друга страна, намирниците како месо и млечни производи, во кои се застапени заситени масни киселини, посебно палмитинска киселина, е поврзана со зголемениот ризик од деменција. Резултатите од студијата упатуваат на тоа дека исхраната со цел спречување на Алцхајмерова болест треба да се базира на намирници како риба и овошје и зеленчук, со низок уддел на заситени масни киселини.
Заборавете на проблемите со помнењето
Омега – 3 масните киселини исто така можат да помогнат во оддржувањето на здравјето на мозокот и забавувањето на промените поврзани со стареењето, како на пример губењето на помнењето. Една студија од 2011 година, објавена во списанието Neurology, покажала дека оние со ниско ниво на омега – 3 масните киселини, посебно на оние пронајдени во рибите, како што е докозахексанската киселина (ДХА), имаат поголема веројатност од појава на проблеми со помнењето.
Резултатите од истражувањето сугерираат дека исхраната во која недостасуваат омега-3 масните киселини може да доведе до побрзо стареење на мозокот. Тие имале помал волумен на мозокот.
Претходните студии покажале дека оние чија исхрана е богата со масни риби, како лососот и туната, имаат помал ризик од болести на срцето, мозочен удар и деменција. Освен исхраната, на здравјето на мозокот влијае и квалитетниот сон и доволната физичка активност. Оддржувањето на менталните активности исто така може да помогне да се забави губењето на помнењето и други ментални проблеми – крстозборките, загатките, мемори игрите или други активности кои го ангажираат мозокот, па дури и повремено менување на раката со која јадеме, ќе го присили мозокот да остане активен и ќе го забави падот на менталнот капацитет.