Секој кој е пушач знае дека кашлицата од пушењето и бронхитисот се проблеми со кои се соочува секој пушач поради оваа нездрава навика. А што друго може да ви помогне да се спасите од тоа освен, се разбира, да ги откажете цигарите?

Се чини дека постои еден рецепт кој би можел да им ги смири на пушачите симптомите на кашлица, додека не се решат сосема да ги фрлат цигарите и да се свртат кон поздрав начин на живот. Додека не го постигнат тоа, може да го испробаат овој рецепт. А сите кои го имаат пробано, тврдат дека тој навистина делува.

Што е потребно за овој лек?

  •  Ѓумбир
  • Кромид и лук – имаат силни антиканцерогени својства и се превенција против респираторните инфекции
  • Куркума која е преполна со витамини, минерали и омега-3 масни киселини

Рецепт

  • 400 грама лук кромид и чешне бел лук
  • 1 литар вода
  • 400 грама шеќер
  • 2 лажички куркума
  • парче ѓумбир со големина на палец

 

Подготовка:

Ставете го шеќерот во вода и загрејте го на тивок оган. Додајте го кромидот исечкан на поголеми парчиња и ѓумбирот. Кога водата ќе изврие, додајте ја куркумата, намалете го огнот и оставете да се вари уште малку. Кога смесата ќе се преполови, исцедете ја течноста од неа, ставета ја во стаклена чаша или слично. Нека се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.

Како да се консумира?

Се земаат по две мали лажички секое утро на празен желудник и два часа по вечерата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина