Пилатес вежбите се идеален спој на движења кои го затегнуваат и јакнат целото тело. Оние кои ги претставуваме подолу за многу кусо време ќе ги “стопат“ сантиметрите од вашата половина и ќе ве подготват за летото.

Спуштање на колената во страна

spistanje-kolena-na-strana

 

Седнете на под, потпрете се со лактите, а нозете подигнете ги така што колената да бидат свиткани под агол од деведесет степени. Вдишете и колку што може повеќе спуштете ги нозете во страна, но притоа не смеете да го движите горниот дел од телото. Издишете и вратете ги колената на средина. Повторете го истото и на другата страна. Направате две серии од по десет наизменични повторувања.

Ножички

 

nozicki1

 

 

Легнете на грб, рацете ставете ги зад глава, а градите подигнете ги од подот. Подигнете ја левата нога во вис, свртете се во половината така што десниот лакт да се приближи до левото колено. Повторете го истото и со десната нога. Направете по две серии со по десет наизменични повторувања.

Стоење на лакти со ротирање на трупот

 

drzenje-na-laktovi

 

 

Заземете положба како за склек, спуштете се на лактите, стиснете ги дланките и спојте ги стапалата. Издишете и стиснете ги мускулите на стомакот и полека свртете се во десно, со тоа што целата тежина ќе ја префрлите на десното стапало. Издишете и вратете се во почетна положба. Вдишете и истото повторете го и со другата страна. Издишете. Направете по две серии од по десет наизменични повторувања.

Странично стоење со ротација на трупот кон долу

 

stranicno-drzenje-laktovi

 

 

Заземете положба за странично стоење. Вдишете и, ротирајќи се во половината, спуштете го лактот колку што можете повеќе надолу. Издишете и вратете се во почетната положба. Ова е едно повторување. Направете осум, одморете и повторете се на другата страна.

Исчекор со ротирање на трупот

 

iskorak-so-rotacija

 

 

Заземете почетна положба, така што со десната нога ќе исчекорите кон нанапред, а рацете ќе ги ставите зад глава. Со левата нога исчекорете малку наназад. Издишете и свиткајте ги двете колена, истовремено ротирајќи го трупот колку што можете повеќе кон десно. Вдишете, исправете ги нозете и вратете го трупот во почетната положба. Ова е едно повторување. Направете по осум на секоја страна.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина