Чајот од липа ја поттикнува циркулацијата, го подобрува варењето, ги ублажува болките предизвикани од гасови, ефикасен е за исфрлање на слузта, ги олеснува менструалните болки, го подобрува апетитот и иблажува нервоза и симптомите на анкциозност. Кога се работи за превенција, чајот од липа е одличен за борбата против артериосклероза, воспалени вени, ангина пекторис и инфаркт. Се пие повремено и умерено.

 

Се подготвува едноставно: една лажичка цветови од липа се прелеваат со еден филџан врела вода, се остава да отстои 10 минути и се процедува.

Против настинки

Измешајте по 25 грама цветови липа, бозел и камилица и 10 грама сапунка и 3 лажици од смесата прелијте ги со половина литар врела вода. Поклопете и оставете да отстои еден час. Пијте го чајот топол во текот на денот.

Спречете дијареја

Измешајте по 30 грама цветови од липа и камилица и по 10 грама цветови роза и од шипка. Три лажици од оваа мешавина прелијте со половина литар врела вода, поклопете и консумирајте ги по еден час.

Ублажете изгореници

Во еден литар врела вода потопете 100 грама цветови или листови од липа, оставете ги поклопени три часа да стојат, процедете по ова време, направете облоги и ставете ги на повреденото место.

 

 

Бања за бебиња

Во еден литар врела вода додадете три грста цветови за липа и варете на тивок оган две-три минути. Процедете и истурете ги во када со вода пред капењето. Оваа бања ги смирува децата и бебињата и помага полесно да заспијат.

 

Ослободете се од целулитот

Измешајте по два прстофати миродија, липа и пиревина и варете ги 10 минути во половина литар вода. Процедете и пијте го во текот на денот.

Зајакнете го имунитетот

Измешајте по 25 грама шипки и цветови липа и по 15 грама кора од портокал и цветови од бозел, па три лажици од оваа смеса прелијте ги со половина литар врела вода. Оставете ја мешавината да отстои во поклопен сад 10 минути, а потоа процедете. Пијте 2-3 филџани од загреаниот чај дневно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина