Голем број експерти сметаат дека е непотребно потполно да се откажете од одредени намирници, туку да се воздржувате од нешто кое ќе ве натера да се прејадувате и кое ќе ве донесе до вишок на килограми. Не грижете се, десертот не е на оваа листа. Еве кои намирници заслужуваат целосно да ги остраните од менито ако сакате да ги загубите килограмите.

1.Грицки полни со јагленохидрати

Кога јадете крекери, суви житарки или леб, телото ги претвора тие јагленохидрати во прости шеќери и ги испраќа директно во крвотокот. Како одговор на налетот од шеќер, телото произведува дополнително инсулин, кој му помага на телото брзински да го апсорбира шеќерот. Како резултат од тоа ќе имате ниско ниво на шеќер во крвта и истото чувство на глад кое ќе ве натера да јадете се повеќе и повеќе.

Сепак, јагленохидратите не се во целост забранети. Поентата е да внесувате грицки кои содржат комбинација од јагленохидрати, здрави масти и протеини, а тие така ќе ве држат подолго време сити.

2.Натриум

Натриумот ве тера да ја задржувате водата, а тоа може да доведе до надуеност, која ни малку нема да ви помогне во губење на килограмите, бидејќи нема да имате реален увид во вистинската состојба на вашата тежина

3. Грицки богати со влакна

Да, на сите нас ни се неопходни влакна, бидејќи тие го одржуваат системот за варење и чувството на ситост, дури и кога ќе го намалите внесувањето на калории. Сепак, она што не ви треба се ужините кои содржат вкупен внос на влакна (околу 25 грама), со исхрана која воопшто не содржи влакна. Внесувањето на влакна треба да биде константно во текот на целиот ден, како би можеле да го ублажат чувството на глад, да го подобрат варењето и да ги спречат стомачните тегоби. Исфрлете ги грицките од исхраната и пробајте да вклучите природни извори на влакна во исхраната, како што се овошјето и зеленчукот.

4. “Немрснахрана

Истражувањата покажале дека луѓето јадат 30% храна за која знаат дека има мал процент масти, од онаа која има поголем процент. Проблемот е во тоа што (освен прејадувањето, кое може да ги наруши вашите цели за слабеење) кога производителите на храна ќе ги остранат мастите, тие неизбежно го отстрануваат и нивниот вкус. За да го надоместат, често додаваат шеќер, а тој прави тој производ да биде уште полош за вашата линија.

5. Вештачки засладени пијалоци

Збогувајте се од диеталните сокови и слатките напитоци, кои мистериозно содржат нула калории! Некои луѓе реагираат на вештачките засладувачи така што веднаш по ,,диеталниот,, пијалок навалуваат на сладолед и други слатки, па е подобро сепак да се држат до вода или лимонада. Газираната вода исто така може да биде добро решение, бидејќи содржи јаглеродвооксид, кој прави да се чувствувате сити и со самото тоа да јадете помалку.

6. Житарки во големо пакување

Истото важи и за грицките во семејно пакување. Луѓето консумираат 22% повеќе храна кога јадат од големи пакувања, докажало едно неодамнешно американско истражување.

Кога луѓето знаат дека им е достапна уште храна, несвесно се приморуваат да јадат повеќе. Истото важи и за храната која ја купувате на акција. Ова секако не значи дека треба да престанете да купувате храна по намалени цени или во економични пакувања, туку да внимавате на порциите кои ги внесувате и да одбегнувате да јадете директно од ќеса.

7. Алкохол

Ниту еден експерт за губење на тежината нема да ви ги препорача алкохолните пијалоци. Иако некои коктели содржат помалку калории од другите, алкохолот не е добар сојузник во губењето на вишокот килограми. Тој содржи празни калории, кои не ви обезбедуваат доволно хранливи материи, а ако ги консумирате премногу, ви дава искривена слика за тоа како ви изгледа телото. Затоа под дејство на алкохол секогаш јадете пица, а не салата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина