Старата изрека вели дека очите се огледало на душата. Но, во нив се огледаат и многу болести. Се што е потребно е подетално загледување во нив и обраќање на поголемо внимание на ситните детаљи во нив. Денес, луѓето се повеќе време минуваат пред компјутер, па поради тоа очите ги печат и им се заматува видот. Тоа и не е толку опасен проблем, но останатите се многу поопасни.

 

Мозолки на капаците

 

 

Ако сте ги имале некогаш, тогаш знаете колкава болка и иритација предизвикуваат. Мозолки на горниот или долниот капак најчесто се предизвикани од блокада на лојните жлезди. Најчесто тие се повлекуваат за неколку дена. Ако се задржуваат подолго, тоа може да укажува на сериозни проблеми. Една од дијагнозите е дури и тумор на лојните жлезди. Секако се советува преглед од стручњак.

 

Губење на веѓите

 

Тие не мора целосно да испаднат за да се смета тоа за нивно губење. Доволнo е да се проретчат, за што обично причини се: стареење, стрес или недостиг на витамини. Alopecia areata, односно делумна ќелавост исто така е можна причина, иако многу ретко. Она на што се цели е хипотиреозата – акутен недостиг на хормонот на штотната жлезда, која во екстремни случаи води и до губење на косата. Ако косата ви се истенчува од необјасниви причини, треба што поскоро да посетите доктор.

 

Замаглен вид

 

Денес, луѓето се повеќе време минуваат пред компјутер, па поради тоа очите ги печат и им се заматува видот. До тоа доаѓа како последица што за гледање во екранот помалку се трепка, па окото се суши. Побарајте во аптека вештачки солзи, капки за очи кои помагат во овие случаи.

 

Испакнатост на очите

 

Оваа појава се јавува како последица од хипертиреоза, односно претерано работење на штитната жлезда. Еден од симптомите на испакнати очи е потешкотијата за нивно затворање или чувството како капаците да се премали. Ако се случи тоа, мора веднаш да се посети доктор.

 

Жолти белки

 

Ако белиот дел од од очните јаболкца не е бел, туку жолт, веројатно црниот дроб не  работи правилно, а може да се работи и за жолчото ќесе.

 

Тагови: Здравјеочи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина