Косата побелува низ годините, кај некои порано, кај некои подоцна – во зависност од гените и начинот на живот. Но, понекогаш белите влакна се појавуваат и како предупредување дека нешто не е во ред со здравјето или дека некои скапоцени материи ги има премногу или премалку во организмот. Стручњаците велат и дека пушењето влијае на раната појава на бели влакна.

 

Исхемиска болест на срцето

 

Научниците откриле дека појавата на бела коса честопати е поврзана со високиот ризик од коронарна болест на срцето. Со оглед на тоа што оваа болест не покажува симптоми во раната фаза, обратете внимание дали ви се појавуваат бели влакна побрзо отколку што би требало и посетете доктор.

 

Коронарната или исхемична болест на срцето се карактеризира со наслаги и стеснување во внатрешноста на срцевите (коронарни) артерии. Тоа може да резултира со намалување или прекин на циркулацијата во некои делови од срцевиот мускул. Наслагите или плакот обично настануваат како последица од долготрајно оштетување на артериите – поради висок холестерол, шеќерна болест или пушење, а можат да бидат настанати и со механички фактори – артериска хипертензија.

 

Стеснатите крвни вени поради плакот не можат да го снабдуваат срцето со доволна количина кислород, а тоа може да предизвика слабеење на функцијата на срцето, застој, ангина пекторис, па и инфаркт. Ако плакот пукне, на тоа место настанува згрутчување кое може да го прекине дотокот на крв поради што почнува да изумира дел од срцевиот мускул. Тогаш настанува срцев удар.

 

Типични симптоми на срцев удар е болка во градите која се шири во левото раме и вилицата. Но, атипичен симптом може да биде болка во грбот или во стомакот, поради што пациентот завршува на гастроскопија, а всушност имале инфаркт. За жал, во повеќе од 50% од случаите првиот симптом е токму инфаркт или ненадејна смрт. Некои луѓе не стигаат ни до болница, туку паѓаат на улица. Тоа е многу фрустрирачки, бидејќи денес инфарктот односно коронарната болест, може успешно да се лекува.

 

Насобирање на водород пероксид

 

Нормално е фоликулите на косата да произведуваат мала количина водород пероксид – безбојни соединенија со формулата H2O2, но кога ова соединение ќе почне да се таложи, тогаш доаѓа до менување на бојата на косата. Инаку, нормално е кај младите луѓето тој хемиски спој да се разложува на вода и на кислород благодарение на каталазата на ензимите, но кога овој ензим го нема доволно, влакната го губат пигментот и стануваат бели. Ако се наруши излачувањето на тој ензим, и младите луѓе може да обелат. Ова нарушување се лекува со третманот опишан како УВБ-активиран спој PC-KUS, на кој се подложуваат и оние луѓе чија кожа нема доволно пигменти. Овој третман наводно би требал да биде спас против појавата на бела коса.

Недостиг на витамини Д3 и Б12

 

Понекогаш појавата на бела коса ја предизвикува неизбалансираната исхрана. Научниците откриле дека недостигот на витамин Д3 резултира со губење на меланинот, соединение кое им дава боја на кожата и косата. Истото важи и за витаминот Б12.

 

Со витаминот Д3 богати се месото, јајцата и црниот дроб. Во телото се создава кога сме изложени на сончевите зраци. Витаминот Б12 ќе го пронајдете во храната од животинско потекло – рибата, школките, млечните производи, јајцата, телешкото и свинското месо.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина