Нов неофициален гинисов рекорд за најмногу згибови за 24 часа
54 годишниот Mark Jonson, наводно поставил нов неофициален гинисов рекорд за најмногу згибови за 24 часа-4321 згиб.Mark Jonson кој е во неверојатна форма за своите 54 години го надминал претходниот рекорд за 111 згиба.
За да го постави овој рекорд му биле потребни една година подготовки,за кои вели дека биле многу тешки.Најтешкиот дел бил да се најде вистинското темпо,доволно брзо за да се постави нов рекорд,но и да не се преморите за брзо време.
Неговиот обид започнал на 3 Ноември во 5 часот наутро и завршил во 1 часот по полноќ наредниот ден.Се очекува овој рекорд да биде верификуван во брзо време,и да стане официален рекорд.
Следува кратко видео од овој неверојатен подвиг.