Светот на фитнесот секоја година внесува нови трендови, нови облици на вежбање и нови реквизити, бидејќи без тоа секојдневните вежбања може да станат здодевни. Така, на Баланс Фестивалот, во Велика Британија, е преставен новиот тренд, а тоа е ползењето, кое многу наликува на ползење на бебињата, кои се уште не можат да одат.

Вежбите се изведуваат на под, а главното ,,помагало,, е тежината на телото. Со оглед на тоа што за овој облик на вежбање не се потребни никакви справи ни реквизити, штом еднаш ќе се научат, повеќе не е потребно одење во фитнес центар, туку може да се вежба и дома на минимален простор.

Иако на прв поглед овие вежби изгледаат многу едноставно, тие не се ни малку лесни, а бараат и добра координација. Освен тоа, тоа се и вежби за сила и издржливост, кои го јакнат целото тело, посебно мускулите на трупот. Тренерите велат дека овој облик на вежбање може да помогне и при регулирање на високиот крвен притисок, но и кај болки во грбот, што е се поголем проблем во современиот свет.

Иако постојат безброј вежби, тренерите на оние кои започнуваат токму со овие им советуваат прво да се обидат да ползат напред и назад, исто како што прават и бебињата. Треба само да се внимава рбетот да биде во неутрална положба, а рацете и нозете да бидат поставени во ширина на колковите и рамењата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина