Оваа диета е се популарна кај познатите. Веќе неколку истражувања имаат потврдено дека ваквиот режим на исхрана е одличен начин за губење на вишокот килограми и за доведување во ред на организмот, но и за подобрување на целокупното здравје. Кога станува збор за здравјето, нордиското мени го регулира крвниот притисок и го намалува штетниот холестерол, а големо влијание има и врз решавањето на проблемите со разни воспаленија, поврзани со некои хронични болести – рак, дијабетес тип 2, па дури и Алцхајмеровата болест.

 

Исто така, менито на викинзите е одличен начин за здраво слабеење. Луѓето од нордиските земји спаѓаат меѓу оние со најмалку проблеми со вишокот на килограми. Дека со ваквата исхрана навистина се слабее лесно покажало и опсежното истражување спроведено пред неколку години. Во научната студија од 147 дебели пациенти, колку што зеле учество во истражувањето, оние од нив кои се придржувале на нордиската исхрана ослабнале 4,7 килограмо за 26 недели, додека контролната група успејала да загуби само 1,5 килограми.

 

Интересно е и тоа што поголем број од тие килограми се загубиле од стомакот, благодарение на фактот што нордиската диета во голема мерка се состои од намирници кои ги согоруваат мастите. А што треба да се јаде за да почнат да се ,,топат,, килограмите? Речиси сите видови зеленчук и овошје, со нагласок на боровинките и другите бобинки, потоа јаболките, крушите, сливите, додека од зелечнук се препорачуваат цвеклото, празот, морковите, келерабата, тиквата, компирот и лукот. Многу важно е исто така да се јаде и многу зелка, кељ, спанаќ и другиот зелен зеленчук. Апсолутно забранети се транс мастите, брзата храна, соковите, преработената храна и адитивите во храната.

 

Во нордиската исхрана рибата е неизбежна, што е одлично, бидејчи таа изобилува со витамин Д, омега-3 масни киселини, јод, цинк и други важни нутритиенти. Дозволени се речиси сите видови риба, посебно харинга, скуша, лосо и бела риба. Препорака е риба да се јаде најмалку два пати неделно, додека кај месото треба да се намали консумирањето на масно месо и да се настојува на менито да се најде дивечот.

 

Црвеното и белото месо треба што помалку да се јадат, додека саламите, виршлите и другите месни преработки треба целосно да се одбегнуваат. Млекото и јајцата се дозволени, но во умерени количини. Јаткастите плодови играат голема улога во здравата исхрана, па не е чудно што се нашле на менито на викинзите. Јадете ореви, лешници и бадеми, а додадете го и чиа семето, лененото семе, сончогледот и семките од тиква. Како дополнителен извор на протеини, на располагање ви се и леќата, гравот и грашокот. Ржот, јачменот и овесот се главни житарки во нордиската исхрана, само што помалку преработени. И, додека во медитеранската исхрана главен збор има маслиновото масло, во нордиската тоа е маслото од маслена репка (канола масло).

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина