Ноотропици – ,,паметни лекови,,
Ноотропиците се збир на лекови, додаток во исхраната или други супстанции кои ги подобруваат когнитивните функции, посебно извршните функции (различни когнитивни процеси), помнењето, креативноста и мотивацијата кај здрави поединци.
Самиот поим ноотропика го измислил романскиот хемичар Корнелиу Георгиу во 1972 година, а за да може една супстанција да се нарекува со ова име, мора да ги задоволува следниве критериуми:
- Да го унапредува помнењето и способноста за учење
- Да помага во функционирањето на мозкот под вознемирувачки услови
- Да го штити мозокот од штетни хемиски оштетувања
- Да ги подобрува механизмите на невронското пукање и
- Да нема никакви седативни, стимулативни или токсични ефекти
Накусо кажано, еден лек или супстанција може да се нарече ноотропик доколку на корисникот му нуди поголема контрола над неговите неврохемиски процеси и резултира со бихевиорално и искуствено унапредување на квалитетите на животот.
Зошто луѓето земаат ноотропици?
За ноотропици се одлучуваат оние корисници кои сметаат дека им е потребна подобра контрола над менталните состојби и подобрување на когнитивнте споособности и расположението. Честопати за овој вид лекови се одлучуваат студентите или оние чија работа бара високо ниво на концентрација и фокусирање.
Како делуваат ноотропиците?
Иако се нарекуваат ,,паметни лекови,, ноотропиците не делуваат така што го зголемуваат коефициентот на интелигенција, туку ги јакнат мозочните функции со зголемување на производството и сигнализирањето на различни невротрансмитери.
Мозокот е мрежа од милијарди неврони поврзани со синапсите. Невроните меѓусебно комуницираат и делуваат преку хемикалии кои се викаат невротрансмитери. Кога овие трансмитери се способни поефикасно да ги испраќаат сигналите, поединцот тоа искуство го доживува како подобрена концентрација, помнење, расположение, подобрена способност за процесирање на менталните активности и продолжено и подобрено внимание.
Со континуирано суплементорање на одделни ноотропици се подобрува синаптичката пластичност на невроните, што влијае на долгорочно подобрување на здравјето и функционирањето на мозокот. Некои други ноотропици влијаат на вазодилатацијата, што значи ја подобруваат циркулацијата во мозокот, со што до мозокот стига повеќе кислород, нутритиенти и глукоза, примарен извор на енергија на мозокот, кој мозокот го користи во текот на подолги периоди на фокусирање и концентрација.
Мозокот бара огромна количина енергија за вршење на своите функции, оддржување на свеста и обраќање внимание на надворешното опкружување. Иако на мозокот му припаѓаат само 2% од телесната тежина на човекот, тој троши околу 20% од вкупната енергија.
Изведувањето на менталните активности, учењето нови нешта, фокусираноста на работата и останувањето будни во текот на денот се активноси на кои се троши многу енергија. Со забрзување на циркулацијата и дотокот на кислорорд многу брзо се чувствува и поголем капацитет на меморија и фокусираност.
Ноотропиците исто така можат да делуваат на зачувувањето и заштитата на мозокот. Овие соединенија директно влијаат на нивото на хемикалиите во мозокот кои се поврзани со забавување на процесот на стареење. Некои ноотропици можат да делуваат на растот на невроните и неуритите, забавувајќи ги на тој начин оштетувањата и процесите на стареење. Со тек на време, тоа може да помогне за потенцијално забавување на знаците на стареење, како што е губењето на помнењето, па дури и против развојот на нарушувања налик на Алцхајмеровата болест.