baknuvanje_1

Бакнувањето е омилената работа на заљубените парови. Никогаш не им е доста на луѓето кои се сакаат. Не е важно дали се работи за „брзински бакнеж″, за француски бакнеж или за сензуален бакнеж без јазик, бакнежот е секогаш вобудлив. Ви претставуваме 8 необични факти за бакнувањето.

1 ) Начинот на кој се бакнувате е определен уште додека сте во мајчината утроба

Германските истражувачи набљудувале 100 парови и откриле дека две третини од нив ја наведнуваат главата на десно Експертите сметаат дека овој инстинкт го развиваме додека сме уште во мајчината утроба , кога природно ја наведнуваме главата на десно .

2 ) За бакнување се потребни силни мускули

Британските истражувачи ги набљудувале паровите кои се бакнуваат низ скенерот на магнетната резонанца и сфатиле дека бакнежот обично ги вклучува мускулите околу устата. За еден бакнеж на овој начин е неопходна координација на 146 мускули, вклучувајќи 34 фацијални мускули и 112 постурални мускули.

3 ) Бакнувањето спасува животи

Една позната студија открила дека мажите кои ги бакнуваат жените в образ пред наутро да отидат на работа, живеат пет години подолго од мажите кои не ги бакнуваат жените наутро пред да отидат на работа .

4 ) Нашата љубов кон бакнувањето доаѓа од глувците

Казуо Тухар од еден универзитет во Токио , смета дека афинитетот спрема бакнувањето доаѓа од глувците. Глувците и луѓето имаат изненадувачки слична генетика и заеднички предоци кои живееле пред 75-125 милиони години. Ова древно суштество слично на глушецот наречен Eomaia scansoria ( Eomaia од грчкиот збор “древна мајка” и scansoria од латинскиот “качувач”). Научниот тим има теорија дека ова суштество го триело носот од носот на своите женки за да им ја сигнализира својата желба.

baknuvanje_2

5 ) Еден крал го забранил бакнувањето

Кралот Хенри IV го забранил бакнувањето во Англија на 16 јули 1439 година. Ова е направено со цел да се намали ширењето на болести во кралството. Оваа забрана била поттик за многу чудни ограничувања низ целиот свет. Подоцна, во 16 век во Неапол, бакнувањето во јавност било забрането и казниво со смрт.

6 ) Постоеле строго одреден правила за бакнување на филм

Една група цензиорски правила во 1930 година ги дефинирале начините на бакнување на филм. Со нив се забранува бакнувањето во хоризонтална положба, а брачните двојки треба да спијат во одвоени кревети , а ако се бакнуваат во кревет, едното стопало на едниот од младенците од актерите мора да биде на подот. Тие не смеееле да се бакнуваат повеќе од три секунди. Но , режисерите пронашле заобиколувачки начин. Додека во 1946 година се снимал филмот ” Notorious “, Алфред Хичкок осмислил Ингрид Бергман и Кери Грант да се бакнуваат по три секунди одново и одново, со прекини заради одредено движење или дијалог.

7 ) Италијанците се експерти во бакнување

Според едно истражување, само малку повеќе од половина од заљубените луѓе се бакнуваат страствено. Италијанците се на прво место и далеку пред сите други.

8 ) Во потрага сте по вистинскиот? Бакнете многу мажи

Едно истражување го пронашло одговорот на прашањето “колку жаби треба да бакнете додека не го најдете својот принц “. Британската студија го следи бројот на состаноци, разводи и “комбинација” за да се процени колку долго на мажите и жените им е потребно да ја најдат вистинската љубов – и бакнежите не се изоставени од равенката. Се проценува дека на жените им е потребно да бакнат 15 мажи пред да го пронајдат вистинскиот, додека на мажите им е потребно да бакнат 16 жени.