honey-mask-with-apple

 

Зимата е период кога јаболките се најздрави и највкусни, а освен тоа што се богати со витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, ова овошје може да ви послужи и на бројни други начини. Ви претставуваме некои од нив …

Јаболките во нашите краишта се актуелни во текот на целата година, но во зима, кога изборот на овошје и не е баш најголем, ова овошје е совршено. Лекарите тврдат дека консумацијата на едно јаболко на ден обезбедува долг и здрав живот, и ние ви гарантираме дека со овие трикови уште повеќе ќе ги засакате:

1.Го забрзуваат созревањето на другите овошја

Јаболките испуштаат гасови кои го забрзуваат процесот на созревање на овошјата како што бананата и кивите. Ставете едно јаболко или повеќе јаболки во една кеса со зелени банани или киви и пуштете јаболката да си ја одработи својата работа, односно тврдите плодови да станат меки и слатки.

2.Ги зајакнува бутовите

Чудно, но вистинито: стискањето на јаболка е ефективна вежба која ќе ги зајакне мускулите на бутовите! Ставете го јаболкото помеѓу колената, па обидете се да ја згмечите користејќи ја само силата на нозете. Повторувајте ја оваа вежба неколку пати дневно по 10 секунди.

3.Ги омекнува грутките од кафеав шеќер

Многумина ја избегнуваат употребата на кафеав шеќер, бидејќи неговите кристали брзо се лепат и гормираат една цврста грутка, така што тие е тешко да се раздвојат. Кога тоа ќе се случи, одвојте грутка шеќер во посебна кеса и во неа ставете парче јаболка кое ќе ја направи оваа работа за вас.

jabolka_2

 

4.Ја разубавува кожата

Искористете ги хранливите материи во јаболкото за на кожата да и подарите подобар изглед. Нарендајте го јаболкото, помешајте со малку кафеав шеќер, па со овој пилинг исчистете го  лицето. Во ренданото јаболко, пак, додадете малку овесни снегулки и маслиново масло за да добиете хранлива маска која ќе го освежи вашиот изглед.

5.Го отстранува чувството на гадење и мигрена

Дали сте и вие една од личностите кои не можат да го издржат патувањето заради мачнината? Следниот пат кога ќе одите на патување, изедете едно зелено јаболко, кое го елиминира непријатното чувство. Зеленото јаболко наводно може да намали некои симптоми на мигрена, па затоа е корисно да го имаме при раце.

6.Ја задржува свежината на лебот и колачите

Ако ви е потребно да го зачувате лебот или колачите на неколку дена, подгответе ги заедно со парче јаболко. Јаболката се одлични навлажнувачи кои ќе ја продолжат свежината на храната.

7. Ја обезбедува влажноста на печената мисирка

Се плашите дека ќе го пресушите немасното мисиркино месо во текот на повеќечасовното печење? Во неговата внатрешност ставете половина јаболко кое ќе ја обезбеди сочноста на конечниот производ.

8. Го украсува просторот

Исушете тенки парчиња јаболка како да сакате да подготвите здрав чипс, но наместо во уста, ставете ги на јаже и искористете го за декорација на елката.  Целите овошки можете да ги искористите за декорација на Божиќниот венец.

9. Може да послужи како сад

Преполовете го јаболкото, издлабете ја неговата содржина, добро измијте го, па искористете го како сад за служење. Издлабеното јаболко може да ви послужи и како држач за свеќи.

10. Го разубавува мирисот на куќата

Не мора да трошите дополнителни пари за освежителни спрејови со кои ќе го намирисате домот. Наместо тоа, направете сами свој освежувач на воздухот од сушени јаболка, цимет, каранфилче, кора од портокал и други празнични зачини.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.