Ова време од годината е полно со миризливи, слатки плодови, најмногу со бобинки. Ако сте љубител на освежително и по малку киселкасто овошје, рибизлите се вистинскиот избор за вас.

 

 

Освен што содржат големи количини хранливи материи, рибизлите се идеални како додаток во смути, сокови, сосови, џемови и разни слатки и солени јадења.

 

Дали знаете дека:

 

  • Зрелата грмушка од рибизла може да даде до 4 килограми
  • Рибизлите воглаво се произведуваат на подрачјето на Европа и Азија
  • Освен црвени, постојат бели црни рибизли
  • Во 100 грама црвени рибизли има само 56 калории
  • Рибизлите не содржат маснотии ниту холестерол

 

Здравствените предности од рибизлите се:

 

Низок гликемиски индекс

 

Гликемискиот индекс ги групира намирниците спред тоа колку влијаат врз шеќерот во крвта. Оние со висок гликемиски индекс, како белиот ориз и белиот леб, лесно ќе го разградат и ќе го зголемат нивото на шеќер и инсулин во крвта, по што следува нивно нагло опаѓање. Шеќерот од рибизлите полека се апсорбира во крвотокот, што спречува да дојде до нагло опаѓање на шеќерот и промени во расположението.

 

Борба против инфекции

 

Еден филџан рибизли содржи 77% од дневната потреба за витаминот Ц. Витаминот Ц е моќен природен антиоксиданс кој се раствора во топла вода и кој му помага на организмот да го зајакне имунитетот.

 

Нега на косата и кожата

 

Адекватното консумирање на витамин Ц го подобрува имунолошкиот систем и го поттикнува создавањето на колагенот, кој е исклучително важен за здравјето и за убавиот изглед на косата и кожата.

 

Формирање на нови крвни зрнца

 

Рибизлите содржат бакар и железо, кои се неопходни за формирање на нови крвни зрнца. Недостатокот на железо може да доведе до анемија, замор и слабост во мускулите.

 

Јакнење на коските

 

Рибизлите се богат извор на витаминот К, кој го задржува калциумот во коските. Еден филџан со рибизли содржи 15% од дневните потреби за овој витамин.

 

Здравје на дигестивниот систем

 

Дневната препорачана доза на влакна за мажите изнесува 38 грама, a за жените 25 грама. Рибизлите содржат влакна, кои спречуваат запек, што и годи на дигестијата. Влакната исто така можат да го ,,исчистат,, холестеролот од крвните артерии.

 

Тагови: рибизла
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина