Секој час во денот ни се пружа можност да направиме нешто за своето здравје. Можноста за тоа ни се дава речиси секој пат кога вдишуваме. Повеќето луѓе дишат плитко и во минута тоа во просек го прават дури 18 пати. Многу поефикасно е да се проретчат вдишувањата и, секако, да се продлабочат.

Дишењето е активност која снабдува, но и која троши многу енергија. Со правилно дишење тоа трошење може да биде многу помало, а користа е неспоредливо поголема. Токму со дишењето организмот добива најголем дел од потребната енергија. Поради неадекватниот начин на дишење или недостигот на квалитен воздух расте удделот на енергија која ја добиваме од храната. Повеќето од нас дишат по автоматизам и на оваа витална функција на нашиот организам не и посветуваат ни минимално внимание. Во секојдневната итаница лесно е да се заборави дека секое длабоко вдишување е пролседено од движења на илјадници мускули, кои притоа ги масираат внатрешните органи, го поттикнуваат варењето и апсорпцијата на хранливи материи, но и исфрлањето на токсините. Дишењето го регулира и работењето на срцето и крвниот притисок, протокот на енергија и ефикасноста на физиолошките функции. Длабокото дишење го засилува и протокот на лимфата, што го забрзува исфрлањето на штетните материи, па затоа е појасно зошто правилното, длабоко дишење, е толку силен детоксикациски метод.

При дишењето треба длабоко да се вдише и притоа да се изброи до четири. Потоа здивот треба да се задржи додека не се изброи до 16. И издишувањето треба да биде долго, се додека не се изброи до 8. Задржувањето на здивот треба да трае четири пати подолго од издишувањето, а издишувањето треба да биде двојно подолго од вдишувањето.

Се советува ова да се повторува десет пати барем наутро и навечер, а уште подобро е оваа навика да се повторува по пет пати во текот на денот. Притоа не треба да се заборави при секое вдишување и издишување да се дише и со стомакот и со долниот и горниот дел на белите дробови. Кажано поинаку, по овој редослед треба да се полни телото со кислород и по истиот пат, со вовлекување на стомакот, да се испушта воздухот.

Понежниот пол е повеќе склон да дише поплитко од мажите. Жените наместо со стомак претежно дишат само со градниот кош. Со ваквото дишење градниот кош се проширува првенствено странично, а тогаш здивот е површински, краток и брз. Затоа токму понежниот пол треба да поведе повеќе сметка за правилното дишење. Секако, не е битно само како дишеме, туку и каде дишеме, односно што вдишуваме.

Во продолжение погледнете некои интересни факти за дишењето.

  • 1. Во текот на еден ден човекот во просек вдишува помеѓу осум до девет илјада литри воздух и прави помеѓу 21.000 и 22.000 вдишувања.
  • 2. Дишењето се дели на длабоко или абдоминално, односно плитко, или градно дишење. Абдоминално природно дишат малите деца. Тоа на повозрасна возраст се менува и повеќето дишат плитко.
  • 3. При плитко дишење, градно, во минута се вдишува околу 18 пати и притоа се внесуваат 7.500 просторни сантиметри воздух.
  • 4. Идеалот кон кој треба сите да се стремиме е намалувањето на бројот на вдишувања на само шест до осум минути. Истовремено, обемот на вдишан воздух треба да се зголеми на 12.000 просторни сантиметри.
  • 5. Детоксикацијата на организмот денес е многу ин, но се заборава дека оваа потреба нашиот организам ја исполнува дури 70% преку дишењето (20% преку кожата и 10% преку урината и столицата). Интересно е тоа што мозокот презема дури 20% од вдишаниот кислород.

 

Тагови: дишење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина