Ако се влечкате уморно, не обвинувајте ја минатата моќ за тоа. Доколку слабото спиење е една од најголемите причини поради кои се чувствувате исцрпено, постојат покрај него уште неколку други виновници – а некои од нив започнуваат да делуваат уште пред да излезете од дома. А, тоа се вашите утрински рутини, над кои имате целосна контрола. Еве како да ги совладате со цел да се чувствувате будно преку целиот ден.

 

МИНУВАТЕ В КРЕВЕТ ДОПОЛНИТЕЛНИ 20 МИНУТИ ЗБОРУВАЈЌИ НА МОБИЛНИОТ

Не е виновен вашиот телефон. Проблемот е во тоа што сакате дополнително да се излежувате во креветот. Креветот е наменет само за спиење. Ако останувате во него, му давате на умот чувство дека е време за спиење, а не за започнување на нов работен ден. Што е полошо, ако си прилегнете уште десеттина минути, многу брзо тие се претвораат во еден час и се бидите од РЕМ сон наместо од полесен сон, од кој би сте се разбудиле ако сте станале веднаш од кревет. Будењето од овој подлабок сон може да ве направи уште поуморни во текот на денот од оној кој се разбудил од полесен сон.

Заклучокот е: Штом се разбудите, станете.

 

,,ЗАЛЕПЕНИ,, СТЕ ЗА ВАШИОТ ФИТНЕС ЧАСОВНИК

Фитнес уредите се одлични и мотивираат да се направат дополнителни (можеби и илјадници) чекори дневно, но ако ги користите и за мониторинг на спиењето, ќе се чувствувате уште поуморни. Фитнес уредите нема да ви помогнат да спиете подобро. Многумина се будат, проверуваат колку време спиеле и веднаш станувате нервозни и уморни. И почнувате веднаш да размислувате дека ќе имате лош ден и дека се што на работното место ќе тргне наопаку ќе биде поради тоа што не сте се наспале добро.

НЕ СЕ РЕХИДРИРАТЕ

Постои причина зошто се будите со лош здив наутро: дехидрација. Додека спиете, вашето тело продолжува да ја впива водата што сте ја испиле во текот на денот. Тоа значи дека поминувате буквално 8 часа без да го снабдите организмот со вода. Ако не се редехидрирате, тогаш нивоата на ваша енергија опаѓаат. Истражувањето направено на Универзитетот во Конектикат, САД, покажуваат дека дури и умерена дехидратација прави да се чувствуваме уморни и раздразливи. Препорачаната доза е 8 чаши дневно течности, без разлика дали е тоа вода, кафе или чај. Не излегувајте од дома пред да земете со себе вода.

 

СЕ ТУШИРАТЕ НАВЕЧЕР

Врел туш ќе ви ги опушти уморните мускули, ќе ви го ,,измие,, морот и ќе ве… заспие, така? Всушност, според научниците, прави сосема спротивен ефект. Како што пропаѓате во подлабок сон, температурата на вашето тело паѓа некаде до 16 степени целзиусови. Па така, туширањето навечер е слично на вежбање навечер. Не е добра идеја, бидејќи ја зголемува телеснат атемпература, па треба подолго време за да се одлади за да заспиете. Од друга страна, топлиот туш наутро ќе ви ја зголеми телесната температура и целосно ќе ве разбуди.

РАДИОТО ВИ Е НАМЕСТЕНО НА ПОГРЕШНА СТАНИЦА

Ако редовно одите во теретана, сигурно слушате музика додека вежбате на подвижната лента. Пробајте ја истата техника за да се расоните наутро. Истражувањата покажуваат дека музика наутро најдобро мотивира за да станете брзо од кревет.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина