Некористењето фејсбук го намалува стресот?
Најновото истражување покажало дека со деактивирање на апликацијата Фејсбук кај некои поединци почнува да се намалува нивото на кортизолот, хормонот на стрес во крвта, а на тој начин се бориме ефикасно против несоницата и анкциозноста, како и против некои болести кои можат да нанесат сериозни оштетувања врз нашиот организам.
Ова истражување значи покажало дека напуштањето на Фејсбук страната директно влијае врз нашето здравје и тоа позитивно. Многу испитаници потврдиле дека денови по деактивацијата на Фејсбук чувствувале големо олеснување. Истражувањето било спроведено врз 138 луѓе, од кои 60 требале да престанат со користењето на Фејсбук на 5 дена, додека останатите 78 испитаници продолжиле да ја користат активно оваа апликација. Испитаниците потполниле анкета за својата социјалност, а од носот им бил земен брис за да се утврди нивото на кортизол во организмот.
Било утврдено дека дури и кусо прекинување на користењето на Фејсбук има и позитивен и негативен ефект врз организмот. Во првите денови на отсуство од Фејсбук, нивото на кортизолот во крвта се намалило, но кога апликацијата почнала да им недостасува на испитаниците, нивото на хормонот на стрес во нивниот организам значително се зголемило. Испитаниците кои 5 дена апстинирале од Фејсбук сметале дека животот им е помалку испомнет и одвај чекале да и се вратат на својата стара навика. Позитивното нешто од ова испитување секако е тоа што испитаниците кои биле без својата омилена апликација 5 дена, биле во постојан контакт со пријателите. Ако чувствувате потреба да се ослободите од стресот и да го минувате времето со семејството и пријателите, ставете ги социјалните мрежи на off барем неколку дена.