Да започнеме со најстариот мит кој вели дека за да се чувствувате подобро, треба и да изгледате подобро. Со други зборови, луѓето кои се со прекумерна тежина и да речеме имаат вишок сало околу стомакот, треба да се чувствуваат лошо. Имајте на ум дека многу од работите кои ќе ги слушнете во салата за вежбање се само мит, а реалноста е сосема поинаква.

Мит: Најдобро е да се вежба во раните утрински часови за да се разбуди и забрза метаболизмот.

Вистина : Најдобро е да вежбате кога сакате и кога вам ви одговара. Нема потреба да ја менувате вашата дневна рутина во некои радикални мерки . Вежбајте и во доцните ноќни часови доколку сакате. Со оглед на тоа дека ефектите од вежбањето се краткорочни, она што е најважно е да вежбате секој ден.

Мит: Доколку не вежбате, вашите мускули ќе се претворат во масти.

Вистина : Ова е глупост. Мускули се мускули, а мастите се масти и не постои начин на кој тие можат да пристапат или да се измешаат едни со други. Вистината е дека ако престанете со вежбање, мускулите се намалуваат, а ако продолжите и да внесувате иста количина на храна како што сте внесувале и кога сте вежбале, вашата телесна тежина ќе се зголеми.


Мит
: За да изгубите од телесната тежина, подобро е да трчате, отколку да пешачите на истата релација

Вистина : Неверојатно звучи – но ист резултат ќе постигнете сеедно дали ќе пешачите, трчате или спринтате. На 1500 метри ќе потрошите околу 100 калории во двата случаи (освен ако не трчате со торба цемент на грбот), битна е само должината на дестинацијата која ќе ја поминете. Разликата е во тоа што трчањето ги подобрува вашите кардиоваскуларни перформанси.

Мит: Потењето означува дека мастите се топат.

Вистина: Далеку од тоа. Потта е вишокот на вода што телото го ослободува преку порите. Веднаш штом ќе испиете една чаша вода после тренингот, ќе ја имате истата телесна тежина. Ова не значи дека потта е лош индикатор за интензитетот на вежбање, туку дека потењето нема никаква врска со топењето на мастите.

Мит: Мотивациското вежбање е многу поефикасно од немотивационото

Вистина : Активноста да, но искуството покажува дека луѓето кои мораат или на некој начин се принудени да вежбаат или да направат некои активности,  имаат тенденција да бараат причини за да го избегнат вежбањето, или изговори за да го прескокнат тој тренинг.

 

Ако не ве радува претерано помислата на кревање тегови, тогаш е подобро да се занимавате со некои други спортови и со добро расположено друштво, бидејќи поголема e шансата да го дадете својот максимум во нешто што за вас е забавно, отколку во нешто што за вас претставува мачење, како тренинг во теретана.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.